Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на првата прес конференција вечерва им се заблагодари на сите граѓани за мирниот, достоинствен и демократски избирачки ден.
-Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам задоволство затоа што се гласаше слободно и без притисоци. Очекуваме сите учесници на изборите, без разлика на резултатите, со своето однесување да придонесат да се задржи фер и демократската атмосфера и на крајот на избирачкиот процес. Убеден сум дека резултатите ќе ја потврдат одлуката на граѓаните за сериозни промени во земјава кои водат кон живот во Македонија, изјави Кирацовски.