Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски на прес конференција кажа дека нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски
„Ова не се локални избори и ВМРО ДПМНЕ бадијала се храбрат. Јасно дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот круг. Нема да набројувам каде се води Пендаровски, затоа што ова не се локални избори.Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на нашата држава. Пендаровски води со повеќе од два и пол проценти на две третини од обработените податоци. Победата на Пендаровски е повеќе од јасна“ рече генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски.
Одзивот на гласачите од 40 проценти, според Кирацоски се должи на замореноста на граѓаните од избори, но додаде дека сепак излегле на гласање затоа што им е важно кој ќе биде претседател. Кирацоски кажа дека очекува и во вториот круг да се потврди излезноста и изборите да бидат успешни.




