Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска и утре се во посета на Македонија.

За денеска е најавена трилатерална средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Средбата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, а по состанокот тие ќе се сретнат и со претседателите на политичките партии во Македонија.

Утре тројцата претседатели ќе го посетат транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде што ќе се сретнат со полициските службеници на Хрватска и на Словенија.