Државниот инспекторат за локална самоуправа најави дека ќе ја поништи одлуката на Советот на општина Тетово за прогласување на Рамуш Харадинај за почесен граѓанин на Тетово.

Скандалозната одлука беше донесена вчера со акламација на албанските и без согласност на советниците од македонскиот политички блок.

„Злосторник каков што е Харадинај не заслужува да биде почесен граѓанин на еден град“, реагираше Стојанче Ангелов од “Достоинство”.

Советниците од албанскиот политички блок одлучија Рамуш Харадинај да биде прогласен за почесен граѓанин на Тетово во понеделник. Најавија тој лично да присуствува на свеченоста.