Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе остане ли Охрид дел од листата на УНЕСКО?

0
By Нова ТВ on August 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисија од светски експерти наскоро ќе дојде да види дали градбите на Плаошник и најавениот проект кај „Свети Наум“ може да го избришат Охрид од листата на Светското културно наследство, објавува Утрински весник.

Она што природата го создала со милиони години, а човекот го направил во стотици генерации може со неколку нови големи објекти да биде избришано од списокот на Светското културно наследство што го изготвува Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации, УНЕСКО.

Изградбата на објектите на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и големиот проект на индискиот бизнисмен Субрата Рој кај „Свети Наум“ му се закануваат на Охрид да биде доведено во прашање неговото место на списокот на Светското културно наследство.

УНЕСКО кон крајот на септември или во почетокот на октомври ќе испрати специјална комисија од повеќе експерти да провери, испита и документира што се случува во Охрид и околу езерото и колку тоа може да влијае врз статусот на регионот на светската листа.

Во седиштето на УНЕСКО во Париз се сериозно загрижени поради она што се гради во Охрид и од најавите за големиот туристички комплекс до прочуениот манастир. „Загрижени сме за она што се случува во Охрид што може да ја намали вредноста поради која градот е ставен на листата на културното наследство на светот. Реагираме кога има големи проекти кои може да влијаат да се намали вредноста на местата“, вели за „Утрински весник“ Петја Точарова, шефица на Одделението за Светското наследство во Европа и во Северна Америка во УНЕСКО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.