Регистрацијата за половни автомобил ќе поскапи e eдна од предложените измени на Законот за животна средина кои влегоа во собраниска процедура.
Освен силата на моторот која беше главен критериум во одредување на давачката, сега се бара во формирањето на цената да влезат и годините на старост на возилото и горивото кое го користи.
Од министерството за животна средина, креатор на предложените измени, за 24 вести тврдат дека зголемување на цената нема да има, иако досегашниот еден критериум за утврдување на надоместокот на регистрацијата ќе биде надополнет со плус две ставки.
За граѓаните не е прифатливо евентуалното воведување на повиска давачка.
Од 2010 година, во земјава влегле повеќе од 150 илјади половни возила.
Пиковите во увозот биле достигнати во 2010 кога се внесени нешто повеќе од 62 илјади возила, а до септември годинава македонските граѓани купиле 26.220 возила од странство.
Владата во неколку наврати го пролонгираше увзот на стари возила со образложение дека ќе се обнови возниот парк и ќе се даде шанса на сите граѓани да дојдат до евтин автомобил.




