Зоран Јовановски, Зоран Заев и Игор Ивановски според информации кои, како неофицијални, се објавуваат во македонските медиуми, ќе настапат со заедничка кандидатура.
Кој од нив како кандидат за претседател на СДСМ ќе ја бара поддршката на Конгресот ќе треба да се одлучи во наредните денови.
Извршниот одбор ги прифатил четирите кандидатури и онаа на Кире Наумов, а бидејќи тројцата кандидати имаат слични програми, во наредните денови ќе се договорат кој од нив ќе ја продолжи трката за да му се олесни работата на Конгресот, но и да се намали бројот на кандидати.
Кандидатурата на Бранко Црвенковски, поднесена од Иницијативниот одбор и поткрепена со 14 илјади потписи не била разгледувана од Извршниот одбор, бидејќи не била доставена до Одборот туку до Конгресот.