Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатските промени – сериозна егзистенцијална закана

0
By Mirjana on July 29, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Климатските промени и нивните последици станаа наша реалност, која се манифестира на различни начини. Ние сме првата генерација што сериозно се соочува со последиците од климатските промени. За жал, човекот предолго е фокусиран на личниот развој и на создавање услови за поудобен живот и во таа желба за удобност и леснотија, се отуѓи од природата. Нашата отуѓеност ни се врати како бумеранг во форма на климатски промени кои претставуваат сериозна закана по нашите животи.

Ова лето, шумски пожари беснеат низ Европа, а температурите во одредени области на југот на Европа надминуваат и 45 °C, што дополнително ја разгорува опасноста од пожар. Медитеранот гори. Сцените на опасни огнени елементи и противпожарни мисии доаѓаат од долга лента која се протега од Мароко до грчкиот остров Крит. Шумски пожари ја зафатија и Италија, а на 13 јули во Португалија беа измерени 47 °C, што е нов национален температурен рекорд за јули. Слична е состојбата и во соседна Шпанија. Таму илјадници пожарникари се ангажирани во контролирањето на триесетина шумски пожари. Два големи пожари, кои ги зафатија боровите шуми на брегот на Атлантскиот Океан во Франција, предизвикаа евакуација на над 14 илјади луѓе. Од 17 јули гори и словенечкиот карстен регион на границата со Италија, а регистрирани се пожари и во Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина и Грција. Обединетото Кралство го издаде својот прв црвен метеоролошки аларм за екстремни горештини, бидејќи на 19 јули за прв пат во историјата на мерењето, живата во термометарот надмина 40 °C.

Photo: Glas.mk

Речиси идентична беше сликата и претходните години. Ситуацијата не е поразлична ниту во Северна Македонија. И ние веќе ги чувствуваме последиците, сведоци сме на природни катастрофи со тешки последици кои минатото и ова лето ја зафатија нашата земја.

Сите овие настани во светлината на климатските промени стануваат се почести и погубни. Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP) предупреди дека светот може да се соочи со 50% повеќе шумски пожари до крајот на векот.

Од горенаведеното може да заклучиме дека климатските промени претставуваат сериозна егзистенцијална закана за Европа и светот. Тие не застануваат на границите и ниту една земја не е поштедена од нив. Затоа, потребна е заедничка акција на глобално ниво.

Токму поради тоа на минатогодишниот самит на НАТО, во завршниот документ, коминикето од самитот, климатските промени за прв пат се споменаа како глобална безбедносна закана. Лидерите на НАТО се согласија значително да се намалат емисиите на јаглерод диоксид од воените активности и инсталации без да се наруши безбедноста на персоналот и оперативната ефикасност. На Самитот беше одобрен Акциски план за спроведување на Агендата на НАТО за климатски промени и безбедност, со чија имплементација ќе се зголеми свесноста за последиците од климатските промени. И на овогодинешниот самит, одржан во Мадрид, Шпанија, лидерите на земјите членки повторија, поточно потврдија дека климатските промени и понатаму остануваат високо на агендата на НАТО.

Од друга страна, Европската Унија демонстрира лидерство и дава пример во борбата против климатските промени. ЕУ ги направи климатските промени централна компонента на својата надворешна политика. ЕУ и нејзините земји-членки се најголемите светски даватели на јавно финансирање за климатските промени, придонесувајќи за климатските активности и пошироко.

Земајќи го во предвид фактот дека повеќе од 90% од луѓето во ЕУ се државјани на земји членки на НАТО, а државите на двете организации се соочуваат со истото безбедносно опкружување и истите безбедносни предизвици, доаѓаме до заклучок дека НАТО и ЕУ мора да ја продлабочат соработката по ова прашање. Ни треба конкретен одговор на глобално ниво. Двете организации, заедно со останатите мултилатерални и регионални организации мора да ги зајакнат политичките консултации и да ја зголемат соработката за прашања поврзани со климата, односно климатските промени.

Пишува: Игор Дамјановски

 

климатски промени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.