НВО Инфоцентарот, во рамките на одбележувањето на десетгодишнината од своето постоење, а во соработка со Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), организира промоција на книгата: ВОДИЧ НА МИСЛИТЕЛОТ ЗА ЛОГИЧКИ ГРЕШКИ
Уметноста на менталните итроштини и манипулацијата
Автори на книгата се д-р Ричард Пол и д-р Линда Елдер, од американската Фондацијата за критичко мислење, која го одобри преведувањето и печатењето на ова издание, на македонски јазик.
Локација: Клуб ГЕМ (Кафе Менада, Стара скопска чаршија) од 12- 14 часот.
Промотор на „Водичот на мислителот за логички грешки“ ќе биде новинарот Сашо Орданоски, а на промоцијата ќе говорат Владимир Милчин, извршен директор на ФООМ и Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот.
Во медиумскиот, но и во јавниот простор воопшто, се креираат бескрајно изобилство пораки кои постојано ја жртвуваат вистината заради спинот, пропагандата и манипулацијата. На сите нам ни се потребни креативни согледби и интелектуални орудија кои ќе ни озвозможат да се заштитиме од тоа да станеме интелектуални жртви на намножените пропагандистички и медиумски „пирани“. Оваа книга е наменета токму за наша граѓанска заштита и помош во препознавањето и обеледонувањето на пропагандата и манипулацијата кои секојдневно ни се случуваат и се обидуваат да не заслепат.