Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клубот за бугарско-македонско пријателство повика на итно смирување на односите меѓу двете земји

0
By Ана Василевска on February 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клубот за бугарско-македонско пријателство упати повик во врска со, како што наведуваат, засилените обиди за минирање на односите меѓу двете земји во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Клубот за бугарско-македонско пријателство повикува на мирно одбележување на оваа годишнина.

Тие бараат владите на Бугарија и Северна Македонија веднаш да го спроведат механизмот за намалување на тензиите и идентификување на манифестациите на омраза, усвоен минатата година меѓу двете министерства за надворешни работи.

„Да не се дозволи инцидентите и провокациите да ги оддалечат меѓусебните односи од политички рамки – „Договорот за добрососедство“ и „францускиот предлог“, како и од нашите заеднички цели – постигнување целосно разбирање и европско членство за Македонија“, се вели во апелот.

Овие цели, според членовите на Клубот, може да се постигнат само доколку се маргинализираат круговите што сеат омраза, преку сеопфатни процеси на зближување – социјално, инфраструктурно, културно, медиумско и економско поврзување меѓу двете земји. Тогаш ќе биде невозможно демонизирањето или подметнувањето лажни идеи. Нагласуваат дека е крајно време да се преземе решителна акција и да се изолираат од процесот луѓето и организациите кои се противат на зближувањето.

Клубот го изразува своето уверување дека огромното мнозинство од општествата на двете земји се луѓе со европски вредности кои меѓусебно се почитуваат и разбираат. Тие треба да бидат основа и мерило за билатералните односи, а не поединечни радикализирани елементи и политичари кои бараат тема за сопствен политички опстанок.

„Единствениот начин да ја покажеме нашата почит кон личностите кои не поврзуваат е како нивни наследници да им ја покажеме нашата братска љубов и поддршка“, се вели во обраќањето.

Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува и неодамнешниот апел од поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов и потомците на семејствата на дејците од Македонија за смирување на тензиите.

Клуб за бугарско-македонско пријателство Тензии Бугарија и Македонија Чествување Гоце Делчев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.