Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој било, само Ленче НЕ…!!!

0
By Zoran Ivanov on February 15, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 15, 2026 13:00

Точно знаеме зошто советникот на Мицковски е избран за Уставен судија, Зошто Зврле беше Републички јавен обвинител, зошто баџанакот на Мијалков е во ЕСЧП во Стразбур, зошто сега на негово место се предлага кумот на некој “патриот“ од ДПМНЕ, и зошто Панчевски влезе во трка за прв човек на РЈО? Па да, сите апашлуци мора да бидат заштитени доколку дојдат до судските катедри.

Борче Трајковски

Таа не се мери со број на “лајкови“ на ФБ. Дафа има многу повеќе “лајкови“ ако кивне на ФБ. За Грујо, Антоњо и Лигњата муабет да не правиме, и Мицко се натпреварува со нив во бројот на допаѓања. Колку повеќе го покажуваат својот луксуз стекнат на криминален начин од позиции на моќ, толку повеќе лајкови и коментари од типот “браос“, “само така“, напреТ“, “нек пукнат комуњарите северџански“, “врати се војводо“, “сите у затвор мамичето нивно сјовско“…

За нив нема врска тоа дека Дафа стокмила 11 просечни плати на конто, од вештачки патувања а има 4 стана во Скопје, ко Гостивар да е упм далеку, па работејќи за народот кој ја избрал злоупотребува од секое ќоше на дадените привилегии, нешто слично ко Силванева пред неа, ко оној неизживеаниот и незаситен Тунтев, Дизелка и многу слични. За нив нема врска дека првиот човек на патриотското крило во партијата на најголемиот македонски срам ВМРО-ДПМНЕ, е директор на дирекцијата за санкции, а во затворите му шета дрога ко да е Тихуана. За нив, од каде и да се, чиви и да се, нема врска тоа што си даваат право да ја пљачкаат сопствената држава, да го осирумашуваат сопствениот народ, …

За нив има ОГРОМНА врска кој ќе застане на чело на Републичкото јавно обвинителство, кој е претседател на Кривичен, кој на Апелација, кој на Врховен. За сите крлежи, паразити и антипатриоти, државни арамии, апаши од голем или мал маштаб, најважни се овие работи …

Знаат како да манипулираат со “евтината раја гласачи“, знаат да го постават на пиедесталот на државните загуби “името, идентитетот, јазикот“, и во тоа име да ја пустошат државната каса, а на секоја средба со странски дипломати изговараат “Северна“, на секој документ потпишуваат мамеорандуми со “Северна“. Што, во ваков случај да прават јадните гласачи? Тие и понатаму им веруваат. Тука лежи бактеријата за која нема вакцина, за жал. За нив битно е да има “смрт и доживотни затвори“ за “Комуњарите“ за “Северџаните“, за оние кои го продадоа името, идентитетот и јазикот, а поголеми “Северџани“ од нивните најголеми патриоти, нема …

Неисе, овие работи им се јасни и на нив и на оние со бистар ум. Остануваат нивните сироти гласачи. Лесно се препознаваат и на ФБ …

Зошто после најавата на Ленче Ристоска дека конкурира на конкурсот за прва обвинителка на Републичкото јавно обвинителство, настана масовна хајка на сите социјални мрежи, портали, и подкасти, за шиканирање на Ленче и на СЈО? Одговорот го знаеме сите, го знаат и тие, ама трагедијата е во тоа што одговорот го знаат и нивните гласачи, само што имаат забрана да коментираат, да изнесат свое мислење. Точно знаеме зошто советникот на Мицковски е избран за Уставен судија, Зошто Зврле беше Републички јавен обвинител, зошто баџанакот на Мијалков е во ЕСЧП во Стразбур, зошто сега на негово место се предлага кумот на некој “патриот“ од ДПМНЕ, и зошто Панчевски влезе во трка за прв човек на РЈО? Па да, сите апашлуци мора да бидат заштитени доколку дојдат до судските катедри. Ако не помине во ОЈО, ќе помине во Основен Суд 1, ако таму не помине, ондак на Апелација гарант поминуе, а ако ѕверката е крупна, ондак тука ќе се појави “начелното мислење“ на Врховниот суд. Е сеа, ако сето ова не помине, ондак тука е Судот за човекови права во Стразбур, а таму, е наш чоек. А бре македонче …

Неделава Советот на обвинители ќе избере кандидат за прв човек на Републичкото јавно обвинителство, ама по теркот кој веќе од Монт Еверест се гледа: Кој било, само Ленче НЕ!

Такви се упатсвата на најапашките инсталации во сите политички партии. Ленче носи правда, а правдата на апашите не им одговара. И на левите и на десните, и на “Северџаните“ и на “Патриотите“ …

Овие сознанија не се за шарени и други водови пумпашки револуции, овие сознанија се за Бунтови. Не’ има ли?

Тенкју …

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Борче Трајковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.