Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој и како ја подразбира и штити „Европската цивилизација“?

0
By Zoran Ivanov on January 22, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 22, 2026 17:00

Таму каде што MAGA инсистира на апсолутен национален суверенитет и потреба од победа во цивилизацискиот конфликт, центристите ја гледаат споделената сувереност и интеграцијата како стабилизирачки достигнувања на самата европска цивилизација. За MAGA, „европската цивилизација“ е одбранбен мит што се користи за оспорување на либералната демократска модерност, додека за европските центристи, таа е жива уставна категорија, несовршена, еволутивна и намерно изградена за да ги помири различностите на континентот и да осигура мир, а преку него и одржлив економски раст и просперитет.

Тони Поповски

„Европската цивилизација“ во дискурсот на MAGA движењето на Доналд Трамп и слични движења и партии во Европа, се подразбира повеќе како цивилизациски идентитет потесно определен со етнокултурни и религиски категории како потекло, христијанство и културна хомогеност. Истовремено се пласира политички наратив за опаѓање на „Европската цивилизација“ и потребата од решителна одбрана и заштита од егзистенцијалните закани произлезени од либерализмот, мултикултурализмот, имиграцијата и споделувањето на суверенитетот со мултилатерални – глобални организации и сојузи. Имплицитниот идеал и визија е да се обнови предлиберална Европа која беше сочинета од силни суверени нации со динстиктивен културен идентитет.

Наспроти овој наратив, европската центристичка коалиција што дејствува во рамките на Европскиот Парламент, ја разбира „Европската цивилизација“ како граѓанско и институционално достигнување – обединување во Унија заснована на фундаментални вредности како што се уставната демократија, владеењето на правото, заштитата на човековите права и слободи и создавање на слободен – обединет пазар. За центристичките сили (лево од центарот, во центарот и десно од центарот) како European People’s Party, Renew Europe и Progressive Alliance of Socialists and Democrats ова разбирање на „Европската цивилизација“ е експлицитно обликувано од историското искуство со двете светски војни во 20-тиот век, и од решеноста да се превенира враќање на радикалниот национализам, авторитаризам и меѓудржавните конфликти.

Иако се однесуваат на еден поим, двете разбирања остро се разликуваат во односот кон различноста, суверенитетот и значењето на историјата.

Таму каде што MAGA инсистира на апсолутен национален суверенитет и потреба од победа во цивилизацискиот конфликт, центристите ја гледаат споделената сувереност и интеграцијата како стабилизирачки достигнувања на самата европска цивилизација. За MAGA, „европската цивилизација“ е одбранбен мит што се користи за оспорување на либералната демократска модерност, додека за европските центристи, таа е жива уставна категорија, несовршена, еволутивна и намерно изградена за да ги помири различностите на континентот и да осигура мир, а преку него и одржлив економски раст и просперитет.

Нашето општество не е само пасивен набљудувач на оваа идеолошка поделба, туку и кај нас сведочиме на судир меѓу двете концепции за „Европската цивилизација“.

Формално, институционално и стратешки, Македонија е (сеуште) позиционирана во рамките на центристичкото, европско разбирање на цивилизацијата. Преку кандидатскиот статус, реформската агенда и усогласувањето со правото на ЕУ, државата ја прифаќа „Европската цивилизација“ како уставно-правен и политички проект, дефиниран од владеење на правото, човекови права, заштита на малцинствата и мултиетничка демократија. Во таа смисла, (барем на хартија) европската интеграција не се подразбира како културна асимилација, туку како цивилизациска трансформација во согласност со „Европските вредности“.

Истовремено, цивилизацискиот наратив на МАГА силно резонира особено кај етничките Македонци, можеби и најмногу поради идентитетскиот притисок и негирања од страна на соседите, направените отстапки и стравувањето дека овој притисок ќе продолжи и во иднина, како и поради мултиетничкиот карактер на државата чие управување налага потреба од компромиси. Чувствувајќи дека се под закана, Македонците помалку или повеќе свесно но истовремено интуитивно и рефлексно се во процес на „збивање на редови“ под знамето на една политичка партија и заштита на Македонската православна црква. Големо мнозинство од етничките Македонци (евидентно од последните изборни резултати и политички анкети) барем во моментов преферираат поредок со заштитена, респектирана и вклопена македонска етнокултурна тврдина во некаква идна Европа (или Унија) на суверени етнотврдини.

Овој сентимент и потреба, се рефлектира на колективниот ентузијазам за реформи обликувани заедно со ЕУ (Европската агенда), отвореноста кон продлабочување на човековите права и слободи и самата идеја за пристапување во оваа ЕУ, која сеуште функционира како политичка заедница со споделен суверенитет, а во која доколку се зачлениме би биле мал но сепак рамноправен партнер.

Колку за утеха, соочени со оваа реалност не сме сами, бидејќи целата западна демократска Европа е соочена со трилема. Ќе прерасне во Унија на суверени етнотврдини, ќе се определи за статус кво со зајакнати механизми за заштита на либералната демократија или ќе прерасне во длабоко интегриран Сојуз на демократски европски држави. Оттука, прашањето „кој и како се залага за кој концепт на европската цивилизација“ не е апстрактно. Ова прашање и кај нас ја дели јавноста и политичките партии, ги обликува јавните дебати и директно влијае врз нашите перспективи за мир, стабилност, раст, развој и просперитет.

 

колумна Тони Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.