Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коалиција за промени и правда: На Македонија и треба реформска влада

1
By Нова ТВ on June 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата за промени и правда, составена од Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО- РП и ДЕМОС предлага да се формира реформска (експертска) Влада која ќе има обврска да спроведе коренити реформи и создаде услови за рамноправен политички натпревар и одржување на фер, демократски и кредибилни избори.

– Без реформи во судскиот систем и безбедносните служби не се можни избори. Затоа бараме рекомпонирање на Републичкиот судски совет и разрешување на судиите кои учествуваа во монтирани судски процеси, формирање на посебно судско одделение во Кривичниот суд во Скопје, како и целосно реформирање и деполитизација на безбедносните служби, се вели во соопштението од прес конференцијата.

Оваа Коалиција уште предлага:

– Оставка на судиите од Уставниот суд кои учествува во промените на Законот за помилување врз основа на кои Ѓорге Иванов ја донесе одлуката за аболиција,

– Разрешување на обвинителите кои се под директно влијание на власта и кои подигнуваат обвиненија по налог на партијата на власт, а без докази,

– Специјалното јавно обвинителство да продолжи да работи транспарентно и без било какви опструкции и закани дека по налог на партиите на власт ќе биде укинато,

– Македонија да биде една изборна единица,

– Избирачкиот список треба да се прочисти од креираните (фантомски) гласачи и најитно да се уништат личните карти кои се користени за гласање наместо граѓаните кои подолго време престојуваат во странство. Доколку тоа не е можно тогаш да се пристапи кон активна регистрација на гласачите.

Оваа Коалиција смета дека во процесот на преговори мора да се вклучат и другите релевантни политички партии, како и граѓанскиот сектор и медиумите.

– Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, немаат кредибилитет да зборуваат за реформи, стабилност и фер избори, бидејќи тие ги блокираат сите позитивни процеси и Македонија ја држат во перманентна криза. Разговорите мораат да бидат транспарентни и пред камери, се вели во соопштението.

Коалицијата за промени и правда е подготвена за избори без разлика кога ќе се одржат, но нема да има избори без реформи и услови за нивно одржување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.