Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, за денеска свика итна седница на Координативното тело на градоначалници од Скопје. На седницата ќе се разговара за санирање на последиците од синоќешното невреме што го зафати Скопје и неговата околина.
На средбата, ќе присуствуваат и директорите на јавните градски претпријатија и претставници од Противпожарната бригада.
Според најавите, попладне целата држава ќе виде зафатена од големо невреме, кое ќе наликува на вчерашните бурни 30 минути во Скопје, официјално известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според нивните сознанија, се очекуваат поројни дождови, силен ветар, грмежи, а на одредени места и град.
Вчера дуваше ветер со брзина од 70 километри на час во главниот град.
За кратко беа измерени 37 литри дожд на метар квадратен. Освен дожд и ветер, синоќа околу 23 часот скопјани почуствуваа и земјотрес.




