Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: 9-ти Марш на Ангелите – Таткото на загинатиот тапанар од ДНК ѝ остави 2.000 денари на власта за да запалат свеќи на нивните гробови

0
By Zoran Ivanov on June 7, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Огромен револт и разочарување кон премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска искажа Драги Георгиев, татко на загинатиот тапанар од ДНК Ѓорги. Меѓу другото ова разочарување рече дека е и поради тоа што на Задушница не го видел државниот врв да запали свеќа или да ги посети гробовите на загинатите во пожарот во „Пулс“.

Драги Георгиев рече дека бил да се бори за Македонија во две војни, едната при распадот на Југославија а другата во Македонија со што покажал вистински патриотизам. Извади банкнота од 2 илјади денари, ја остави на улицата и ги повика властодржците да дојдат да ја земат, за како што рече, да имаат пари да запалат свеќа за загинатите деца во „Пулс“. Тој рече дека неговиот син имал 9 кражби извршени врз него, а полицијата уште тогаш, додека бил жив синот, не успеала да ги расчисти.

Полицијата уште тогаш ми рече дека не можат да ги фатат. За три дена, од 6 сабајле до 9 вечер, јас сам си ги фатив. Им реков чим не сте способни вие, јас сам ќе ги фатам. Ги фатив и им ги дадов во раката. Па зошто ни се полицајци тогаш? На крај ги пуштија дома, рече Георгиев.

Изрази разочарување од кадровските решенија на полицијата која, кога бил да бара посмртница за синот, како што рече, не сакале ниту да го погледнат листот и веднаш го препратиле на друга локација и наместо за синот, го упатувале да бара посмртница за „дедото“.

Му го давам листот и ми вели да одам за дедо ми во Кочани да вадам посмртница. Такви работници имате ставено во Струмица. Знаете какви се агресивни – ми вели тој службеникот дека 30 години работи тука. Ти бе господине, џабе што работиш 30 години тука кога не вредиш. Кој те стави тука? Прочитај за кого се работи, за моето дете Ѓоко Георгиев од Струмица за кого плачеше цела Струмица. На неговиот гроб цела Струмица плачеше, без разлика на вера, нација и партија! Вие не сте способни да имате влада, да си дадете оставка на 16-ти кога загинаа нашите деца, одберете си го месецот, рече Георгиев.

Драги Георгиев обвини дека службите го следеле со возила, а на гробишта некој му се заканил дека „многу зборувал и пишувал на социјалните мрежи“. Тој ги покажа писмата со сочувство што му ги испратиле од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова и од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и ги искина пред камерите.

Рече дека за него тие писма не важат, зашто се бланко потпишани, испратени до сите, про-форма.

 

ангели георгиев Кочани марш протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.