Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: Министерството за здравство „ја спушти завесата“ и воведе цензура за медиумите – им забрани да ја снимаат рехабилитацијата на повредените во „Пулс“ во болница финансирана од парите на сите граѓани!

0
By Zoran Ivanov on July 6, 2025 ОПШТЕСТВО, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство во попладневното соопштение сосема ненајавено и неочекувано, реши да ги обесхрабри новинарските екипи да известуваат од болницата во Кочани, па дури и се дрзна да им сугерира да не земаат изјави од повредените во пожарот „во пишан, видео или аудио формат“ за време на нивниот процес на рехабилитација“ во болницата во Кочани како и во Пониква.

Мирослава Симоновска

Со крајно контроверзно соопштение, повикувајќи се на „приватноста на пациентите“ повредени во најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката „Пулс“ – Министерството за здравство попладнево им забрани на новинарските екипи пристап во болницата во Кочани каде се одвива рехабилитацијата на повредените од пожарот.

Во соопштение на Фејсбук страницата на Министерството за здравство се наведува дека на ваков начин ќе се заштити приватноста на пациентите, меѓутоа редакцијата на „Слободен печат“ добива сигнали од свои колеги кои што имале поинакво искуство – пациентите кои се на рехабилитација прифаќале да бидат снимени и интервјуирани, а управата на болницата и медицинскиот персонал биле тие што го оневозможувале новинарското информирање во државна болница која што е финансирана од даноците на сите граѓани.

Министерството за здравство во попладневното соопштение сосема ненајавено и неочекувано, реши да ги обесхрабри новинарските екипи да известуваат од болницата во Кочани, па дури и се дрзна да им сугерира да не земаат изјави од повредените во пожарот „во пишан, видео или аудио формат“ за време на нивниот процес на рехабилитација“ во болницата во Кочани како и во Пониква.

Со цел да се овозможат оптимални услови за овој процес на рехабилитација, Министерството за здравство апелира до средствата за јавно информирање, согласно специфичниот контекст, да продолжат да ја следат ситуацијата со особена внимателност, професионална етика и човечка солидарност во известувањето за лицата кои се повредени во трагичниот настан во Кочани. Според проценките на здравствените работници, секое нарушување на нивната приватност или инвазивен медиумски пристап може да предизвика дополнителни трауми и да го отежни процесот на нивното рехабилитирање.

Во тој контекст, Министерството за здравство повикува на следното: Како основно човеково право да се почитува правото на приватност на повредените лица и нивните семејства. Да не се нарушуваат процесите на рехабилитација кои се спроведуваат од страна на стручни медицински тимови во Пониква и Општата болница во Кочани. Да не се снимаат или фотографираат лица кои ги посетуваат или се дел од рехабилитациските сесии во периодот додека се во одморалиштето на Пониква или во Општата болница во Кочани со цел да се зачува достоинството и мирот на оваа заедница.

Воедно, да не се бараат и земаат изјави во пишан, видео или аудио формат од истите лица за време на нивниот процес на рехабилитација во претходно-наведените објекти, напишаа од Министерството за здравство на Фејсбук.

Уредничката на „Истражувачка репортерска лабораторија“ Сашка Цветковска, за „Слободен печат“ вели дека екипата на ИРЛ била спречена да ги погледне и сними условите во кои се рехабилитираат повредените во пожарот со образложение дека пациентите се побуниле иако ИРЛ имале контакти со дел од нив и поплаките за условите за лекување дошле од нив.

Ние не би ги снимале пациентите доколку тие не го сакаат тоа, но имаме право да ги разгледаме просториите за лекување во секоја јавна болничка установа, се разбира, на начин кој нема да го загрози здравјето, мирот и достоинството на лекуваните. Дури и овластеното лице од болницата даваше изјава за ИРЛ на далечина од објектот што е чудно. Слушаме дека и на други колеги им се забранува пристапот во објектот што отвора прашања за нетранспарентноста, но и искреноста на надлежните околу „фантастичните“ услови за третман на повредените од „Пулс“, изјави за „Слободен печат“ Цветковска.

Министерството за здравство во своето соопштение со кое воведе ограничување на новинарското известување сепак потсети дека „медиумите имаат суштинска улога во информирањето на јавноста, како и во градењето на емпатија и општествена одговорност“.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

 

болница кочни Слободен печат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.