Кога е фер да се каже НЕ, правична дистрибуција на ресурсите во здравството и како до фер ограничувања. Ова се темите за кои ќе се дискутира на вториот Здравствен самит кој се одржува денеска во Скопје.
-Се повеќе граѓани ја предизвикуваат власта, со прашањето како се трошат парите наменети во здравјето. Тогаш системот е ставен во предизвик како да излезе во пресрет на пациентите, во услови на ограничени ресурси и како да се спроведе фер дистрибуција на средствата наменети за здравството вели организаторот Меѓународниот проект, Хелтгрупер.
Покрај домашните стручњаци и клучните луѓе кои ја кројат политиката во здравството, на Самитот ќе учествуваат и тројца врвни експерти: Норман Даниел од Харвард Школата за јавно здравје, Тед Тулчински од Школата за јавно здравје на Хебрејскиот Универзитет и Крис Браун заменик шеф на канцеларијата на СЗО за Европа.




