Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога младоста ја напушта државата

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 5, 2026 16:02

Кога повеќе од половина од младите размислуваат да заминат, проблемот не е во генерацијата – туку во системот што не им нуди причина да останат.

Џабир Дерала

Заминувањето на младите од Северна Македонија одамна не е личен избор на поединци што сакаат „подобар живот“. Тоа е масовен и системски процес што ги разголува тешките недостатоци на државата и нејзините институции. Кога меѓу 52 и 83,7 проценти од младите размислуваат да ја напуштат земјата, тоа веќе не е статистика. Тоа е обвинение. Дијагноза на системот!

Според различни истражувања, речиси 60 проценти од младите би заминале веднаш доколку им се укаже можност. Повеќе од 55 проценти од студентите, односно повеќе од 40 проценти од младите, активно бараат начин да ја напуштат земјата. Податоците се горе-долу познати. Тие варираат зависно од методологиите во истражувањата и анализите, но трендот е тој – младите не сакаат да живеат во оваа земја. Но ретко кој зборува за одговорноста.

Излишно е да се каже дека ова не се бројки што се случуваат во стабилни, функционални и праведни држави.

Систем што не нуди перспектива

Младите не заминуваат затоа што се „нетрпеливи“, „нелојални“ или „недоволно патриотски“, како што понекогаш цинично се тврди во „патриотскиот“ политички дискурс – циркус. Тие заминуваат затоа што системот во Северна Македонија не нуди перспектива.

Невработеноста кај младите се движи меѓу 24 и 28 проценти, а и кога има работа, таа често е ниско платена и нестабилна. Економијата не создава доволно квалитетни работни места, а институциите не создаваат доверба.

Но економијата е само дел од проблемот.

Многу млади луѓе отворено зборуваат за корупцијата, клиентелизмот и партизацијата на институциите. Во систем во кој често се перцепира дека напредувањето зависи од партиска припадност, врски или политичка лојалност, а не од знаење и труд, младите едноставно не гледаат иднина.

Дури 70% од младите сметаат дека не се соодветно вклучени во процесите на донесување одлуки.

Одлив на мозоци што ја празни државата

Особено алармантен е одливот на високообразован кадар. Меѓу 52 и 80 проценти од високообразованите млади луѓе, особено во области како наука, технологија и инженерство, сериозно размислуваат за трајно иселување.

Тоа значи дека Северна Македонија ги губи токму оние луѓе што се најпотребни за модернизација и развој.

Цената е огромна. Се проценува дека државата губи меѓу 116 и 433 милиони евра годишно во вложувања во образование и обука на кадри кои на крајот го реализираат својот потенцијал во други држави.

Со други зборови, Северна Македонија ги образува своите млади за да работат во туѓи економии.

Песимизам наместо надеж

Сликата станува уште помрачна кога ќе се погледне општото расположение кај младите. Само 17 проценти веруваат дека земјата се движи во вистинска насока.

Во исто време, младите во Северна Македонија во просек го напуштаат родителскиот дом на возраст од 32,1 година, што е значително подоцна од европскиот просек од 26,2 години. Ова не е културна особеност. Тоа е економска немоќ.

Каде одат младите

Кога младите ја напуштаат Северна Македонија, нивните дестинации се добро познати. Германија е најчестиот избор, поради силната економија и стабилниот пазар на труд. По неа следуваат Швајцарија, скандинавските земји, САД и Канада.

Тоа не се случајни избори. Тоа се земји со функционални институции, владеење на правото и предвидлива економија.

И во 2026 година се очекува голем број млади да заминат на сезонска работа во странство, што често служи како почетен чекор за трајно заминување.

Одговорноста е политичка

Заминувањето на младите често се претставува како „глобален тренд“. Тоа е половична вистина што служи како удобен изговор.

Да, мобилноста постои насекаде. Но масовното иселување од Северна Македонија е резултат на конкретни политики, конкретни пропусти и конкретна неодговорност.

Да се разбереме, одговорноста не е апстрактна. Никогаш не била. Одговорни се политичките елити што со децении го одржуваат системот на клиентелизам и партизација. Одговорни се институциите што не успеваат да обезбедат правда и еднакви шанси. Одговорни се политичките партии што ја третираат државата како плен, а не како јавен интерес.

Заминувањето на младите не е само демографски проблем. Тоа е стратегиска криза. Државата губи работна сила, талент, иновации и идни лидери. Стареењето на населението се забрзува, економскиот потенцијал се намалува, а јавните системи стануваат сè понеодржливи.

Ова не се сценарија од далечна иднина. Ова веќе се случува.

Прашањето што никој не сака да го постави, а уште помалку да го одговори

Во Северна Македонија често се зборува за „задржување на младите“. Но ретко се поставува вистинското прашање. Не е проблемот само што младите сакаат да заминат. Прашањето е дали младите имаат доволно причини да останат.

За жал, одговорот е едноставен – и крајно загрижувачки. Младите имаат премалку причини да останат во својата земја.

Сè додека системот продолжува да произведува неправда, несигурност и корупција, заминувањето на младите нема да престане. Затоа што младите не ја напуштаат само земјата.

Тие го напуштаат системот што ги оттурнува од себе.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.