Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога пратеникот сака со млада жена “да сподели страсти и соништа”

0
By Светлана Јовановска on October 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пријавувањето на сексуално и насилно злоставување, што тргна со скандалот со Харви Вајнштајн од онаа страна на Атлантикот, пристигна и во малиот «бриселски меур».

Портата му ја отвори европската комесарка за еднакви права Вера Јурова. Таа раскажа дека била жртва на сексуално вознемирување, ги повика сите жени да му се придружат на движењето #metoo (на англиски) и #moiaussi (на француски) и да пријават нелегално и депласирано сексуално однесување.

Во текот на конференцијата организирана од порталот Politico.eu таа изјави дека скандалот со Харви Ванјштајн е “само врв на ледениот брег” и дека овие случаи ги има на секој чекор. Но, жените не се осмелуваат да пријават бидејќи голем број од нив се чувствуваат виновни и сметаат дека тоа го заслужиле.

Мораме уште да работиме за да го смениме менталитетот на ЕУ општеството за насилството врз жените

“И самата бев жртва на вакво насилство”, изјави таа и ги повика сите жртви да не се срамат и да го пријават насилникот.

Според неа, мора да се зајакне примената на законите против вознемирување и насилство но проблемот е и во културата па оттука мора да се работи на промена на менталитетот и да се отвори јавна дебата што ќе стави крај на културата на вознемирување што за многумина во нашите општества е сосема нормална појава.

Половина од жените во Европа се жртви на вербално, физичко или сексуално интернет насилство и злоставување, вели таа: “Треба да ја смениме перцепцијата во општеството кое смета дека тоа е нешто нормално”, изјави Јурова.

Сведочењата се множат

Оние што го познаваат “бриселскиот меур” знаат дека сексуалното вознемирување не е ништо ново во европските институции. Но, како што вели една народна мудрост, молчењето е злато па жените жртви на вакво злоставување најчесто молчат. Од страв дека нема да напредуваат во кариерата, поради приватниот живот, стравувањето дека ќе бидат навредувани или отфрлени, поради тоа што сведочењето бара изнесување на интимни детали од животот…

Британскиот новинар со македонско потекло Бојан Панчевски, дописник од Брисел за “Sunday Times”, објави примери на повеќе жени жртви на сексуално воземирување. Како смс пораката што ја добила 25годишна асистенка на еден европски пратеник. Пораката ја пратил 71годишниот Ив Кроше, поранешен француски министер за екологија. Во пораката тој ја кани на вечера и сака со неа “да ги сподели нејзините страсти, соништа и фантазии”.

Ми се повраќа од вакво однесување!

Францускиот весник “Le Figaro” ја објави иницијативата на парламентарната асистентка Жана Понте која од 2014 година собира сведочења на жени во Европскиот парламент што биле жртви на сексистичко однесување. Откако и самата била жртва на сексуално вознемирување, Понте сака да создаде женска солидарност и има запишано над 50 сведочења во кои маж, вработен во Европскиот парламент, се однесувал непристојно.

Понте ја има поддршката на нејзиниот шеф, европскиот пратеник Едвард Мартин кој на радио раскажа за збирката сведоштва што ги собира неговата асистентка.

“Еден ден Жана дојде бледа и се гледаше дека не и е добро. Ми раскажа дека еден пратеник се обидел да ја турне кон ѕидот и ја фатил за половината. Си реков: “Ма какво е ова лудило!” Таа не ми го кажа името. Сакав да одам кај него и да му кажам дека Жана не е негова роба. Ми се повраќа од ваквото однесување. Но за жал многу мажи мислат дека тоа не е ништо страшно (…) Не знаеш како да реагираш бидејќи многу мажи што вака се однесуваат се кријат зад некаков хумор”, изјави пратеникот на едно француско радио.

Поддршка на ЕУ институциите

Утре во Европскиот парламент има дебата на оваа тема. Пратениците од повеќе политички групи најавуваат дека ќе бараат од Европската комисија да им каже што и дали воопшто нешто прави за превенција на сексуалното насилство и вознемирување.

Порталот Politico.eu одлучи да ја поддржи борбата на жртвите и деновиве отвори анонимна платформа за сведочења на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeIKZGDXU9o4AyKSi2hihdPYiUREXBEu1n9W74hJBMex8D6QQ/viewform

Вера Јурова Европска унија комесар за еднакви права сексуално вознемирување Сексуално злоставување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.