Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кого попрво да жалиме

0
By Биљана Секуловска on March 6, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 6, 2021 10:43

Кого попрво да жалите во целава трка со вакцините, кого да оплакувате, над чија судбина и животи попрво да липате? Дали нас, избезумени и под стрес, затворени и изолирани, што ги немаме тие вакцини доволно, и којзнае дали воопшто некогаш и ќе ги има, со сите мутации, надвиснати опасности и хаос кој надвиснал во светот.

Дали можеби да ги жалите здравствените работници, дали можеби тие се на нашата приоритетна листа за страдање? Нив, дали нив да ги жалиме, некои од нив, што  секојдневно ги молат да ги примат вакцините, подготвени да им паднат на коленици, но тие одбиваат, преплашени од последиците, како да не знаат дека може да биде пофатален исходот, ако воопшто не се примат вакцини?

Дали да го жалиме Заев, што исто како и нас, ги очекува секој ден вакцините, па вели- како да ви кажам кога ќе стигнат, ако не се случи тоа?

Што може да се стори големо, вистински  грандиозно, во една ситна и мала, никогаш моќна, отсекогаш слаба и неважна земја, никогаш признавана, секогаш оспорувана земја. Низ историјата под опсада и апетит на оние што ја опкружувале, да ја понижат, дотолчат и заграбат, да ја дораспарчат.  Земја, која никогаш и не се истакнала, во ништо големо и навистина важно, од земја од која не излегле нобеловци, великани, земја со мала култура, во која светот ништо значајно не видел, за да ја слави и споменува со трепет. Што може повеќе за оваа земја да се добие, кога местото на светската политичка мапа и е безначајно, ситно и невидливо, отсекогаш така било, чесно е да се признае, сепак.

Дали е за жалење целиот свет што исто така е во потрага по вакцини, во очај, незнаејќи кој е вистинскиот пат за да се стигне до спасот?

Кого попрво да жалиме, е најлесното прашање- можеби за почеток, скрстените раце на критичарите можеби треба да се активираат, да сторат конечно, нешто навистина важно за оваа земја. Никаде само политичарите не прават големи и важни дела за својата земја, секако е дека е аматерски така да се гледа на политичкиот распоред на сили.

Најмоќните се оние останатите, финансиски и сериозно едуцирани, доволно доминантни, за да владеат тие навистина, но во сенка, оние кои ги поместуваат коцките, ги рушат и повторно ги подредуваат. Ако не сте знаеле, политиката не е праведна, отворено ќе ви соопшти Харолд Мекмилан, поранешниот премиер на Британија. Затоа и е привлечна, колку што е посурова, и затоа и секогаш се прашувате- кого попрво да жалите? Ако воопшто треба некакво тажење и лелекање, традиционален македонски специјалитет, подготвуван со особена сласт низ историјата на трпењето, страдањето, мачењето и пред се, самосожалувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.