Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кого удрам не жалам

0
By Нова ТВ on June 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2020 08:34

Пишува: Илијанчо Гаговски

(однапред НЕ им се извинувам на сите кои евентуално ќе бидат „навредени“ од писаниево….вистината многу често боли..)

*побајаги долг напис, ич не почнувајте ако немате 10-на минути време*

Меѓу луѓето секогаш имало поделби: „леви“ vs. „десни“, работници vs. капиталисти, конзервативци vs. авангарда, комунисти vs. фашисти, космополити vs. националисти, една нација vs. друга нација, религиозни vs. атеисти, религиозни vs. други религиозни, бели vs. помалку бели итн. Иако многу од овие поделби биле и/или се многу длабоки, човештвото научило да живее и да се справува со нив, повеќе или помалку успешно. Но, веќе некое време, можеби 10-15 години, сведоци сме на еден нов процес на поделба на човештвото (јас би ја нарекол „големата поделба“) на два жестоко спротивставени и жестоко различни табори, поделба со која сѐ уште не знаеме како да се справиме, а која се заканува да ја уништи цивилизацијата онаква каква што ја познаваме. Оваа нова поделба е подлабока од која било поделба со која досега сме се соочиле и има (како ретко кога низ историјата) глобален опфат и огромно влијание на секојдневниот живот на (речиси) секој човек на планетава. Оваа нова поделба е поделбата околу дефиницијата на најважниот од сите ресурси со кои располагаме – Здравиот Разум.

Толку е длабока поделбата, што едната со другата спротивставена страна дури и се нарекуваат различно. Оние кои спаѓаат во групата која својот светоглед го формира врз основа на општоприфатената научна мисла и кредибилни и вкрстено проверени информации од mainstream медиумите, себеси (најчесто) се нарекуваат „нормални“, а оние „другите“, кои својот светоглед го засноваат на теории на заговор, неприфатена и/или квазинаука и „информации“ (или „лупетања“) од сензационалистички „медиуми“, најчесто ги нарекуваат „забегани“ (што е „најнежниот“ израз во овој контекст). Но, истовремено, луѓето што припаѓаат на вторава група, СЕБЕСИ се нарекуваат „нормални“ или дури „освестени“, а „другите“ (најчесто) ги нарекуваат „овци“ или „комуњари/глобалисти/ сатанисти со испрани мозоци“ (и ова се, пак, „најнежните“ изрази во овој контекст). Поедноставно кажано, двете групи се сомневаат во здравиот разум на „другите“.

Ајде збор-два да скршиме токму во врска со верувачите во теории на заговор, во неприфатена и квазинаука и во сензационалистички медиуми. Прво, предлагам да воведеме нов назив за нив – име кое ем точно ги опишува, ем не е цела реченица, ем не е навредливо како „забегани“. Јас отсега ќе ги нарекувам „интернет јасновидци“. Интернет јасновидецот се чувствува „освестен“ – не, тој веќе не е дел од „стадото“ кое верува во она што го сервираат mainstream медиумите (ова под претпоставка да знае што значи mainstream – ако не знае (што е прилично веројатно) тогаш само „медиумите на Сорос“) – тој (или таа) во еден момент „прогледува“ и одеднаш сѐ му е јасно!!! „Маглата на масовната хипноза“ за него одеднаш се крева и погледот му допира до дотогаш невидени далечини (до крајот на „рамната земја“?) и длабоко до „суштината на нештата“!!!

Но, шегата настрана, феноменот на масовната појава на интернет јасновидци воопшто не е наивен. Додека се фокусираа на тоа дека земјата е рамна, дека „некој“ нѐ запрашува со алуминиум преку кемтрејлси, дека владите ја кријат „вистината“ за вонземјаните кои веќе дошле и оствариле контакт со нас или дека Американците го „лажирале“ слетувањето на месечината, дури беа и забавни – ги имаше малку и нивните верувања, иако ги резилеа нив лично, не можеа да направат некоја сериозна штета, па лабаво можевме да (им) се смееме на будалаштините со кои се занимаваа. Но, „ѓаволот ја однесе шегата“ кога почнаа да го негираат глобалното затоплување, да ги демонизираат вакцините или по најново, да ја негираат убиственоста (или дури постоењето) на корона вирусот и ИСТОВРЕМЕНО да веруваат дека вирусот е „создаден во лабораторија“ и/или „појачуван“ со 5Г технологијата. Ваквите „верувања“ имаат директни последици на секојдневниот живот и на „нејасновидците“ (или по „нивно“ – „овците“) – имено таквите ставови директно го загрозуваат долгорочниот изглед за одржлив развој на човештвото и/или директно го загрозуваат здравјето на заедницата.

Главните прашања кои ни се наметнуваат во овој контекст се, значи, причините за епидемијата на интернет јасновидството и прашањето кои се, всушност интернет јасновидците? Се разбира и прашањето, како да се однесуваме со нив?

Причините за епидемијата на интернет јасновидство ги лоцирам во четири фактори: конзумеризмот, стравот од непознатото, криза на личниот идентитет и гневот на „малиот човек“. Сите четири фактори својот корен (најчесто) го влечат од недоволното ниво на образование во комбинација со Данинг- Кругеровиот синдром (wikipedia за детали, а у принцип, ситуација кога човек толку малку знае за нештата, што станува самоуверен дека знае сѐ, дури и ако дознае една ронка од планината сознанија потребни да се разбере некој феномен…накратко, кога човек не знае колку не знае).

Основниот проблем мислам дека потекнува од забрзаниот ритам на живеење, заради кој многумина очекуваат реализација на своите желби сега и веднаш (instant gratification култура), заради тоа што на телефонот секој ден ги гледаат оние на кои тоа (често само навидум) им успеало, па истите ги идеализираат (ако се на Instagram, Facebook или Youtube) или ги демонизираат (ако се на LinkedIn…т.е. ако на било кој начин успеале, без да си го покажуваат газот на Instagram или да лупаат непроверени глупости на Facebook или Youtube). Оваа култура исто така подгрева една друга појава – стравот да не се пропушти нешто од огромното мноштво опции кои многумина ги доживуваат како да им се на дофат (FOMO – „Fear Of Missing Out“). Кога овие два концепти ќе се насочат кон личната потрошувачка, го создаваат идеалот на капитализмот – забрзано потрошувачко општество. Но, човекот секогаш бара и „нешто повеќе“, па и најпосветениот конзумерист по некое време ќе почувствува празнина – празнината на недоволното знаење за тоа како всушност функционираат нештата. Но, нашиот конзумерист не сака да инвестира многу време да ги дознае суштинските одговори – тој сака едноставни одговори, сега и веднаш, за да, нели, не пропушти нешто што би можело да му „налета“ во меѓувреме… Конзумеризмот е иницијалната каписла и за кризата на личниот идентитет, која се поттикнува низ претворањето на човекот во „конзумент“ (ова е малку посложена појава, ама да се задржиме на оваа димензија во моментов), стравот од непознатото го тригерираат кризите (како оваа со корона вирусот), а сите овие фактори заедно го предизвикуваат „гневот на малиот човек”. Од напливот на информации и (испуштени) опции кои не може да ги “соџвака”, тој почнува да се чувствува немоќен и бара виновници за оваа своја состојба – не им верува на експертите (зашто не ги разбира), го мрази естаблишментот (кривецот за неговите проблеми) и бара одговори – брзи, разбирливи, опипливи…тука стапува на сцена недоволното образование во комбинација со „сознанијата“ лесно и брзо добиени од „интернет/Youtube/Facebook универзитетот“ – и, voila – добивате хорди на луѓе кои се убедени дека се експерти за одредена појава, без притоа да се свесни за нивното колосално ниво на незнаење – ги добивате интернет јасновидците.

Притоа, најголем проблем е што „едноставните одговори“ стануваат интересни за политичките елити. Пази, ако им дадам едноставни одговори на масата интернет јасновидци, јас станувам „нивни човек“ – ќе гласаат за мене!!! Најчесто за едноставни одговори на сложени прашања се решава политичката десница…Затоа, во политичка смисла, интернет јасновидците, речиси без исклучок се обожаватели на Трамп, Ердоган, Орбан и Путин, во комбинација со поддршка за Брегзитот и силен евроскептицизам, мразат сѐ што мириса на „глобално“, а до небо го воздигнуваат „националното“ и „историското“…Тие се борат за правата на „народот“, иако истовремено обожаваат автократи и/или диктатори…„мали неслкад“ што би се рекло…

Притоа, да не се разбереме погрешно – мала дигресија… „малиот човек“ од пред еден параграф, не е обврзно сиромашен и/или необразован. „Малиот човек“ е оној кому не му е удобно во неговата кожа. Тој може и да е навидум реализиран човек, (донекаде) образован и успешен, но со длабока несигурност во врска со својата лична вредност и со голема потреба некаде да „припаѓа“ – за да добие верификација за таа своја нејасна „вредност“. „Малиот човек“ станува интернет јасновидец затоа што не е подготвен да се соочи со себеси, не е подготвен да преземе одговорност за своите постапки и својата состојба, тој бара виновници за внатрешната празнина со која се соочува, надевајќи се дека омразата кон „моќниците кои му го загорчиле животот“ и взаемната потврда/прифаќање (за теориите на заговор на пример) од групата на која сега припаѓа, ќе му ја пополни таа празнина…„Малиот човек“ најчесто е од оној тип луѓе кои се жалат дека ќе постигнеле многу повеќе во животот, само да не ги „мразеле“ професорите и шефовите и/или да не им „љубомореле“ пријателите и/или непријателите….sounds familiar?

Кои се значи интернет јасновидците? Јас пробав да ги класифицирам.

1.Природно глуп – неписмен… ништо не разбира, ни темата за муабет, ниту нејзината сложеност, ниту предложените „решенија“, ама „знае“ дека „нѐ лажат“ и дека конечно го нашол изворот на „вистината“…GOLEMIBUKVI без интерпункција…школо основно, можда и средно…може да бидат забавни, ама знаат да бидат и агресивни…батали ги…

2. Учен-недоучен – полуписмен… многу слично на претходниот, со мааалку подобра интерпункција. Овој може да има и факултет или магистратура, купени „поволно“. Сега мисли дека пошто има диплома, може и да дискутира….жално за гледање…може да ги р’чнете, ама штом изнесете несоборливи аргументи, многу брзо муабетот поминува во лични навреди…

3. Нереализиран гениј – „I could have been a contender“…овој го разбира проблемот, ја разбира сложеноста, ама ете сака едноставни решенија (до какви што добацува, сложените концепти му се too much), образован е и често успешен во тоа што го прави, ама не е задоволен од себеси….можел повеќе….тој требало да биде естаблишментот, а не таму некои ојлевци-дојлевци….затоа е против – против сѐ…„антиспротивен“…најчесто е културен во муабетите, ама е многу pasive-agressive….иако најчесто интелигентен, проблемот му е што мисли дека е попаметен од што е….пошто „I Could have been a contender“….ама не е, и има добри причини за тоа, причини кои самиот нема никогаш себеси да си ги признае…

4. Позер – најчесто „урбан лик“ кој погрешно мисли дека кафанските заебанции во кои бриљира, го прават квалификуван да се меша во муабет со „возрасните“…темите не го ни интересираат додуша – овие се многу површни ликови….го интересира да испадне „интересен“, као на маса у кафана…да ќари некое лајкче….безазлени и досадни….

5. Покондирена тиква – Јелена Ѓоковиќ, на пример….успешен и/или богат лик, кој сега би сакал да се покаже колку е паметен…ама не е… и испаѓа смешен ….интелектуалното ниво му е максимум меѓу 2 и 3 од класификацијата….опасни се пошто се познати и можат многу да влијаат на ширењето на интернет јасновидството, особено кај број 1, 2 и 4 од класификацијава….број 3 не ги сака, пошто „ОН ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ НА НИВНО МЕСТО“!!!!

6. Пропаднат авторитет – овие се опасни….овие ги креираат заблудите….другите главно пренесуваат….овие се образовани и реализирани по сите основи и во одреден момент биле вистински авторитети во одредена област…и тогаш нешто им се случува и луѓево поминуваат на „другата страна на огледалото“, непрепознатливи во однос на тоа кои биле претходно. Највидлив пример е професорот и нобеловец Luc Montagnier. Човеков го открил ХИВ вирусот и за тоа има добиено Нобелова награда во 2008 година, за веќе во 2009 да почне да се занимава со испитување на „радио бранови емитувани од бактериска ДНК“ кои се асоцираат со некакви „наноструктури“ во екстремно разредени раствори кои го „памтат“ патогенот и можат да го „рекреираат“. Ниту една лабораторија не успеала да ги повтори/потврди неговите експерименти, а научниот труд бил објавен во списание кое не е peer revieved, а во кое самиот Montagnier бил уредник. Во принцип, човеков ја прифати хомеопатијата како валидна “наука” . Проблемот е што хомеопатијата е целосно отфрлена од огромното мнозинство на научниот свет како квази наука или поточно, шарлатанство. Но, заради неговата историја, дури и ваквите тотално неиздржани тврдења, се одлично „гориво“ за теориите на заговор.

7. Бизнисмен – овие се најопасни….за нив интернет јасновидството е бизнис. Овие се „најплодните“ креатори на теории на заговор, кои ги измислуваат, а потоа за нив пишуваат книги и држат предавања…највидлив пример – David Icke – сериозно забеган човек кој се продава како „високиот правосвештеник“ на интернет јасновидството….лесно се дебанкираат, и тоа треба да се прави, за да не им се дозволи да заведат уште поголем број луѓе на патеката на интернет јасновидството.

Што да се прави во врска со интернет јасновдците значи, и зошто?

Прво – зошто? Проблемот е што веќе не можеме да си дозволиме да ги игнорираме – тие денес стануваат многу опасни заради тоа што ги има толку многу. Заради тоа што ги има многу, стануваат интересна таргет група за политичарите, кои почнуваат да им се улизуваат со политики скроени така, за да се вклопат во светогледот на интернет јасновидците. Таквите јавно искажани ставови на (некои) политичари, потоа се користат како „аргументи“ за јасновидската „кауза“ (која и да е)…и кругот (на лудилото) си врти…Дури се свестиш, светов полудува и почнува да функционира според согледувањата на фризерката Жане, таксистот Митре и видно забеганиот професор со голема коса, игнорирајќи ги ставовите на неброени докажани инженери, доктори, социолози, правници, економисти итн. – само затоа што интернет јасновидците се толку бројни и гласни.

Второ, како? Еве едно мое искуство за тоа како НЕ треба да се пристапи на интернет јасновидец. Мој близок човек, кој баш го сакам, ме изненади пред некоја година со една успут дадена изјава дека не верува дека Американците биле на Месечината. Јас, како пасиониран астроном/астрофизичар аматер, веднаш се запалив….па почнав со објаснувања и дебанкирања на сите митови од таа теорија на заговор. После едно 45 минути, се соочив со пораз…Ми вика – „Може све ова што ми кажуваш и да е вистина, ама јас САКАМ да верувам во оваа работа!“.

Подобар начин на пристап кон интернет јасновидец е да му поставувате прашања, особено за СМИСЛАТА на теориите на заговор во кои верува и за тоа КОЈ и КАКОВ интерес има од нив? По некое време, ќе може да му ги предочите контрадикторностите во неговите одговори и ако не е скроз изгубен случај, може за некои работи и да го смени мислењето.

Но, тешко дека ваквите поединечни мали „победи“ ќе направат некоја разлика во однос на „големата поделба“. Колку и да е жално да признаеме, интернет јасновидството е форма на зависност, заради тоа што тоа станува темелен елемент на личниот идентитет на некои луѓе… Истиот човек кој вчера разбрал дека нема никаква смисла ниту шанси да се фејкира слетувањето на Месечината, уште утре ќе се „упеца ко клен“ на следната теорија на заговор која ќе му ја сервира комшијата Славе.

Проблемот е многу подлабок.

Решенијата се (најверојатно) во активности во четири области:

1. Образование – што поквалитетно образование за што поголем број луѓе, особено во природните науки. Имаме многу нови технологии на располагање, но за повеќето луѓе тие се еднакви на магија, бидејќи ИЧ не ги разбираат. Затоа и релативно образовани луѓе можат ладно да проголтаат некои небулози (како на пример за тој фамозен 5G) кои не поминуваат кај било кој што има макар базично знаење од физика на гимназиско ниво. Технолошката писменост на човештвото мора да се подигне на повисоко ниво глобално, за барем базично, концептуално, да ги разбираме „играчките“ кои ги имаме во рацете и кои практично стануваат екстензија на нашите сетила и сознанија. Стануваме, ефективно, киборзи, а тоа не го разбираме.

2. Темелна реформа на капитализмот, со цел да се намали јазот меѓу ултра-богатите и сите останати. Имам идеи на оваа тема, ама се за барем уште едно волкаво писание…да ги оставиме за натаму

3. Темелна реформа на демократијата како систем – важи исто како за претходната точка… да не почнувам, некогаш ќе ги срочам и овие идеи у некое писание

4. Сузбивање на „културата“ на „лажни вести“ и „алтернативни факти“ – немам појма како, можда со реформите од точките 2 и 3.

Очигледно, ги немам сите одговори – hell, не сум сигурен ниту дали ги знам сите и/или вистинските прашања….Затоа пак, бујрумте со ваши идеи и/или дилеми…

Заклучок – човештвото е пред тешка, долга и неизвесна борба за опстанок на здравиот разум. Прашањата од типот на третирањето на заразни болести и третманот на човековата околина (глобалното загревање на пример), кои се често во центарот на оваа борба, директно ќе влијаат на шансите за долгорочно преживување на човештвото….нека ни е со среќа!!!

П.С. Знам, знам – „Кој си па ти да ни кажуваш кој е кој?“ –„Од кај па ти си го попил цело знаење на светов па тука ни попуваш?“ – „ODIBE ESISETAMU KOMUNJAROSOROSOID!11!“ – „Мислам дека не си зел во предвид XYZ”….сѐ ве разбирам…ова се мои размисли, врз основа на долгогодишно посматрање на она што се случува и логичко размислување во врска со истото…Сигурен сум дека се можни многу други и поинакви размислувања…ова е моето…ако имате свое, бујрум срочете го во слична форма, па постирајте го или овде или на вашиот ѕид….нема да одговарам на навреди, а нема ни да ги бришам тие коментари, нека зборуваат за тие што ќе ги постираат…нема да навлегувам во долги полемики (можда тек-тук)….не од што не можам да најдам аргументи, туку за да оставам простор да полемизирате меѓу себе, да видиме како стоиме во борбата со лудилото…
Јас си кажав што имав, така што, да ги цитирам безвременските стихови на Пепи Бафтировски, „ако згрешам, нека изгорам“ 😁

П.П.С. Се сложувам, добар дел од наводите се опфатени само површно, без подлабока анализа…е па, толку е за во Facebook пост….темава заслужува цела книга….којзнае, може ќе биде и тоа…да го третираме постов као work in progress, OK? Ако имате конструктивни забелешки, ептен сте веривелкам да ги искажете, па може и нешто поише да испадне од сето ова…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.