Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои медиуми се офајдија од локалните избори

0
By Менче Атанасова Точи on March 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2013 16:30

Од локалните избори најмногу заработила телевизија Алфа и тоа 11 807 328 денари. Најмногу пари во рекламната кампања во оваа телевизија дале ВМРО ДПМНЕ, 10 483 755 денари, но затоа пак телевизијата им отстапила 17 часа и 59 минути простор за снимките од нивните партиски митинзи.

Опозиционата СДСМ во оваа телевизија за рекламната капања дала 994 148 денари се вели во извешетајот на „Транспарентност Интернешенел Македонија“ кој мониторингот на медиумското рекламирање на политичките партии го базира на анализиите спроведени од агенцијата „Нилсен“Скопје.

На второ место по заработени средства од локалните избори е телевизија Алсат-М со 9 617 616 денари. ДУИ во оваа телевизија вложила 7 034 616 денари, а СДСМ- 2 583 000. За рекламен простор за нивните партиските митинзи телевизијата одвоила два часа и 20 минути.
Веднаш по овие телевизии со најмногу заработени средства од локалните избори се Канал 5 со 7 034 616 денари и Сител со 5 511 611, додека МРТВ спред законот не е должна да емитува платена политичка програма.
Иако се позицинирани на трето и четврто место овие две телевизии на гледачите им понудиле по 18 часа платена политичка програма од митинзите исто колку и телевизија Алфа.
За разлика од провладините телевизии, Телма, 24 Вести и ЕРА од кампањата се офајдиле многу помалку. Телма заработила нешто повеќе од 3 милиони денари, 24 вести 2 856 060 денари, а ЕРА скоро еден и пол милион денари.
Најголем дел од парите за платената политичка програма во 24 Вести се од Републиканската алијанса, мал процент од ДОМ, а опозиционата СДСМ таму за рекламирање не вложила ниту денар стои во извештајот на „Транспарентност Македонија.“ Опозиционата СДСМ за рекламната кампања во Телма вложила 2 399 730 денари.

За разлика од телевизиите, во весниците е сосема поинаква ситуацијата. Политичките партиите не биле дарежливи, ниту многу заинтересирани за да се рекламираат, па во сите весници заедно вложиле вкупно 301 739 денари.

Најмногу пари за рекламната партиска кампања дале ВМРО ДПМНЕ 264 582 денари, а најмалку ДОМ со „куриозитетна“ сума од 189 денари.

Од „Транспарентност Интернешнел Македонија“ за НОВА велат дека ова не се конечни бројки, бидејќи партиите имаат законски рок од 30 дена по завршувањето на изборите да ги пријават финансиските извештаи во ДИК и до другите надлежни институции.

„Има политички партии кои не ги доставиле финасиските извештаи, а постапката се растегна најмногу поради приговорите и жалбите за неправилности во текот на гласањето“ велат во „Транспарентност Интернешнел Македонија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026
ФОКУС
March 12, 2026Updated:March 12, 2026

Рочиште „Пулс“: Објектот воопшто не ги исполнувала безбедносните противпожарни норми

ВЕСТИ March 12, 2026

Немало доволно ПП апарати, хидрантот за вода бил празен, немало црево, ниту аларми за пожар.…

Иран ја префрла војната на море – напаѓа во Заливот

March 12, 2026

ССМ: 14-ти март сите заедно протестираме за плата!

March 11, 2026

Атина: Грција воведува плафон на цените на горивата и во супермаркетите

March 11, 2026
ТИКЕР

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.