Автор: д-р Ивица Милевски
Вчера бевме сведоци на силно невреме во Скопје, во периодот од околу 18 до 21.30 часот. Невремето, следено со поројни врнежи, силен ветер и чести електрични празнења, предизвика поплави во делови од градот, на некои места со катастрофални последици, па и човечки жртви. На прв поглед сосема неочекувано, меѓутоа за ваквата појава постојат повеќе причини, пишува порталот идеографија.мк
Огромната концентрација на водна маса, бара коридор по кој ќе дојде кон Вардар. Сепак, запуштените дренажни канали, често полни со шут и отпадоци, издигнатите објекти и сообраќајници без пропусти и канали, ниските и слабо пропустни мостови, предизвикуваат насобирање на водата и формирање на мали езера.
Од притисокот на водата, препреките на патот попуштаат и водата се излева силно низводно или странично, предизвикувајќи поплави. Втора непогодност е високото ниво на подземните води во пониските делови на котлината, поради што земјиштето не може да апсорбира голем квантитет на вода. Затоа, најризична е состојбата долж јужното подножје на Скопска Црна Гора, од Арачиново, до Смиљковци (порано, пред пошумувањето, такво беше и северното подножје на Водно).
Целиот текст можете да го прочитате тука.




