Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се уставните судии кои се спротивставија на спорната иницијатива

0
By Нова ТВ on February 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 25, 2016 14:38

По вчерашното гласање „за“ или „против“ да се поведе постапка за оценување на измените во Законот за помилување, деветмината судии кои се дел од Уставниот суд станаа топ тема во јавноста. Дел од нив беа квалификувани како херои, дел како партиски марионети.

Со експресна реакција, судиите со мнозинство гласови дадоа зелено светло да се разгледа иницијативата Претседателот да има зголемени ингеренции и да може да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, кривични дела против полова слобода и морал и недозволено производство и пуштање во промет на дрога.

Иницијативата доаѓа во време кога Специјалното јавно обвинителство работи на предметот „Титаник“ во кој добар дел од актуелни и поранешни функционери се осомничени за злосторничко здружување и изборен фалсификат со цел опстојување на власт.

Уште поголемо внимание предизвика и сторијата на НОВА која откри дека подносител на Иницијативата е Ристо Китевски – млад адвокат од Охрид кој е соработник во канцеларијата на Љубчо Наумовски, еден од адвокатите на Јанкулоска и Темелко – осомничени за злосторничко здружување и изборен фалсификат во случајот „Титаник“.

По неговата иницијатива „за“ гласаа судиите Јован Јосифовски, Никола Ивановски Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Елена Гошева.

Против ваквата иницијатива биле судиите Наташа Габер – Дамјановска, Гзиме Старова, Исмаил Дардишта и Сали Мурати.

Доколку се погледне на страницата на Уставен суд, за дел од судиите може да се видат само скудни информации. Дел од судиите во својата биографија навеле дека учествувале на бројни тркалезни маси, дека објавиле статии, дека соработувале со невладини.

Изборот на многумина од нив во 2012 беше спорен и предизвика многу контраверзи во јавноста, давајќи му предзнак на изборот како „политички“. Но, не сите судии го носат овој товар.

Ако за гласачите по иницијатива се напиша многу, за оние кои се противеа и се ставија во одбрана на Уставот не се напиша ниту збор. Социјалните мрежи, пак, веќе се преплавени со пофалби за овие судии.

НОВА ви ги претставува четворицата судии кои жестоко се спротивставија на иницијативата. Од нив, две се жени и се единствените доктори на науки во Уставниот суд.

Д-р Наташа Габер-Дамјановска – судија на Уставен суд. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје. Докторирала на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје во 1995 година со дисертација под наслов „Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување“ и се здобила со звање доктор по политички науки. Работела како редовен професор на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, како и на Американ Колеџ во Скопје, а била член и на Управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Габер – Дамјановска била вклучена во бројни научни проекти и е автор на бројни стручни и научни трудови, стратешки документи, евалуации, истражувања и анализи, а во јавноста е позната и по честите издвоени мислења во кои ги толкува одлуките на Уставниот суд за кој има поинаков став.


Д-р Наташа Габер-Дамјановска

Доктор на науки е и уставната судијка Гзиме Старова. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје, каде подоцна работела како асистент, па професор, па доцент. Подоцна на Универзитетот „Кирил и Методиј“ станува дел и од Сенатот. Докторира на Правниот факултет во Љубљана, Република Словенија во 1991. на тема: „Уредување на работните односи во СФРЈ и неговите облици”.

Старова била професор и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, а како визитинг-професор предавала на правни факултети во Франција и Италија.

За своите исклучителни придонеси во доменот на универзитетската и научната дејност со пошироко меѓународно значење, добитник е на високото одликување на француската влада Академска палма.

Истата година, од страна на Стејт Департментот на Соединетите Американски држави е прогласена за една од шесте најуспешни жени во Република Македонија, признание кое и е доделено за нејзините достигнувања во областа на образованието и науката.

Гзиме Старова е автор на бројни научни и стручни трудови од областа на трудовото право и социјалното осигурување, како и на трудови со компаративни согледби на прашањата поврзани со овие области, на меѓународен план, и особено во европски контекст.


Д-р Гзиме Старова

Исмаил Дарлишта – завршил правен факултет во Приштина, а правосудниот испит го полагал во Скопје. Работел како советник во Град Скопје, референт во општина Центар, две години бил заменик директор во Агенцијата за Државни службеници, член бил на Републичкиот судски совет, а во периодот од октомври 2002 до октомври 2003 година е именуван за министер за правда на Република Македонија.


Исмаил Дарлишта

Судија Сали Мурати – потекнува од село Врапчиште – Гостивар. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитет во Белград во 1991 година, а правосудниот испит го положил во 2005 година. Работел во Бирото за правни и економски услуги – Гостивар и како правник. Во организација на ОБСЕ и други невладини организации од земјата учествувал како предавач на повеќе Конференции за придобивките на Охридскиот Рамковен договор.


Сали Мурати

За разлика од овие судии, имињата и презимињата на останатите петмина судии Јован Јосифовски, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Елена Гошева кои ја поддржаа иницијативата вчера одекнаа на разглас пред Уставниот суд. Стотици граѓани излегоа на протест во знак на револт и како што рекоа, нивната одлука покажала какво партиско едноумие владеее во државата.

Граѓанските активисти и за денеска најавија дека ќе се појават на протест пред судот, со барање во Македонија да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.