Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој беше Хелмут Кол, таткото на германското обединување

0
By Светлана Јовановска on June 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утринава во својот дом во Лудвигсхафен на 87 години почина Хелмут Кол, таткото на германската реунификација, човекот кој ги спои Источна и Западна Германија.

Кол стана канцелар на 1 октомври 1982 година. Тој и францускиот претседател Франсоа Митеран беа инцијаторите на еврозоната. Кол успеа да ги убеди Германците да ја напуштат нивната сакана и моќна марка.

Неговото здравје одамна беше лошо. Во 2008 година тој, по еден пад, имаше мозочен удар кој го закова во инвалидска количка и му парализираше дел од лицето. Во 2012 година тој мина низ тешка операција на срцето и уште две други операции во 2016 година.

Целиот свет се сеќава на оваа историска фотографија Кол – Митеран од 1984 година, симбол на франко-германското помирување на која двајцата се држат за рака.

Портрет

Со доаѓањето на Михаил Горбачев на власт во СССР во 1985 година Кол сфаќа дека со овој човек се укажува досега невидена историска шанса за обединување на двете Германии. А клучот на тоа обединување лежи во Кремлин кој не сака да ја пушти Источна Германија од свое влијание.

Пет години подоцна, на 3 октомври 1990 година, двете Германии стануваат една и обединувањето реалност. Тогаш Кол е на врвот на својата политичка кариера и политичкото влијание во светот.

Кол доаѓа на власт во 1982 година на местото на Хелмут Шмит, по растурањето на коалицијата предизвикана од германските либерали.

Како млад човек Кол видел што значи војна. Во 1945 година тој има 15 години и е пратен на југо-истокот на Германија со движењето на млади хитлериевци. Младиот Хелмут решава да се врати дома и тоа пешки. По повеќе недели стасува дома и една година подоцна влегува во партијата на демохристијаните ЦДУ во која подоцна станува претседател.

Во неговите први години во политиката тој работи на теренот во својот регион а во 1969 година, на 39 години, станува министер претседател. Во 1976 година е избран за пратеник и се сели во Бон, тогашната престолнина на Германија. Неговата партија е во опозиција и тој станува нејзин парламентарен лидер.

Канцелар во тоа време е Хелмут Шмит кој е на чело на коалиција со либералите. Но се јавуваат разлики во политиките на коалиционите партнери, либералите и социјал-демократите, околу економската политика и се бара оставка од Шмит.

По распадот на коалицијата Кол станува канцелар. Ветува “духовна и морална обнова” на Германија и визија за Европа без граници која е најава за идната Шенген зона и заедничка девиза која е најава за идната евро-зона.

Во 1984 година Кол оди на две патувања, кои подоцна ќе покажат дека биле историски.

Кол е вториот германски канцелар кој го посети Израел. Во јануари 1984 година, по посетата на Јад Вашем, меморијалот на Холокаустот, Кол одржа говор во Кнесетот, израелскиот парламент. Тој зборуваше за “благодетот на доцното раѓање” за да каже дека не чувстува вина за нацистичкиот масакр врз Евреите. Неговите зборови беа лошо протолкувани како оправдување и оваа посета остави лош горчлив вкус кај Израелците, изјави во една прилика првиот израелски амбасадор во Западна Германија Ашер Бен Натан.

Хелмут Кол во Јад Вашем во Израел во 1984 година.

Во септември истата година во Верден, Франција, местото на кое се одвиваше најдолгата битка во Првата светска војна помеѓу Германија и Франција помеѓу 21 февруари и 18 декември 1916 година, Кол и Митеран, фатени за рака им оддават почит на паднатите војници од двете страни. Настанот денес се смета за симболичен гест на франко-германското помирување по двете светски војни во кои тие беа заколнати непријатели.

Во 1989 година источна Германија почнува да прави притисок врз источно-германската влада со секојдневни мирни протести. На 9 ноември паѓа Берлинскиот ѕид и тоа го означува славниот период на Кол, период во кој тој успева од Михаел Горбачев да издејствува договор за обединување на двете Германии. Така, на 28 ноември, тој во Бундестагот презентира програма во 10 точки за брза реунификација.

Митеран и тогашната британска премиерка Маргарет Тачер се скептични околу успешното обединување на источна и западна Германија. Но, Кол не се откажува и успева во историскиот потфат за интеграција на Демократската република Германија во Федералната република Германија.

Така полека завршува и долгата студена војна. А Хелмут Кол влегува во историјата.

Германија Михаил Горбачев обединување портрет Хелмут Кол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.