Ракометот како фактор за обединување: Двете Кореи заедно на СП 2019

Договорот за унифицирање го потврдија челниците на ракометните Федерации во двете земји и доаѓа по состанокот во севернокорејскиот пограничен град Каесонг. Спогодбата опфаќа тим од 20 играчи од кои 16 ќе бидат јужнокорејци и четворица севернокорејци.