Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Антонио Тајани, новиот претседател на Европскиот парламент

0
By Светлана Јовановска on January 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антонио Тајани, новиот претседател на Европскиот парламент (ЕП) е близок до Силвио Берлускони и има долг 23годишен стаж во Брисел. За овој демохристијанин велат дека е упорен. Кога ќе донесе одлука од неа никако не се откажува.

Па така, кога тргна во трката за највисокото место во ЕП, Тајани тргна и во ефикасна кампања.Тој лично се сретна со сите европски пратеници и со секој од нив разговараше за темите кои им лежат на срце. Тајани добро знаеше дека во оваа борба секој глас е значаен.

За Антонио Тајани велат дека е упорен и дека не се откажува од патот што го зацртал.

Претседателот на ЕП обично не се избира на избори во институцијата. Во 1979 година за прв пат европските пратеници без избрани на избори. Од тоа време датира договорот помеѓу двете најголеми политички групи – демохристијаните од Европската народна партија (ЕНП) и Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Според овој договор двете партии го делат петгодишниот мандат на ЕП на два дела. Па така претставник на ЕНП е именува на чело на ЕП за 2,5 години а потоа на негово место доаѓа социјалист.

Но овој пат социјалистите решија да ја разбијат оваа идила и одбија безпоговорно да му ја предадат функцијата на ЕНП. Тие го номинираа Џани Питела, нивниот претседател, како кандидат што може да го замени германскиот социјалист Мартин Шулц кој се врати на германската политичка сцена. Да потсетиме дека Шулц е единствениот претседател на ЕП кој на ова место остана 5 години.

Изборот на новиот претседател пред неколку дена беше неизвесен до самиот крај. Конечно, до 351 глас победи Тајани додека Питела освои 282 гласа од вкупно 751 колку што има пратеници во ЕП.

Тајани е правник кој доаѓа од Рим, бил новинар од 1983 година до 1993 година а потоа влегува во политички води и станува европски пратеник во 1994 година откако беше еден од основачите на партијата Форца Италија и портпарол на Берлускони. Потоа во два мандати беше комесар во Европската комисија – од 2008 година до 2010 година комесар за транспорт и од 2010 година до 2014 година комесар за индустрија.

Честитки по изборот

Два непријатни моменти од европската биографија на Тајани

Токму ова последно место му внесе еден непријатен дел во биографијата. Постојат сомнежи дека веќе во 2012 година Тајани бил известен за манипулациите на тестовите за емисии на штетни гасови во Волксваген. Во ЕП е формирана комисија која треба да го расветли целиот случај и вовлечноста на Тајани во скандалот.

Неговата конзервативна политика во однос на еднаквоста на половите исто така беше проблематична во текот на изборите. Тајани гласал против стратегијата за еднаквост на половите, се спротивставува на правото на жените за абортус и правото на нивните сексуални права.

Очигледно Тајани успеал да ги убеди пратениците дека овие ставови се зад него. Во својот инаугуративен говор, Тајани вети дека стриктно ќе почитува еднаквост на правата на жените. Истовремено тој се откажа од сумата од 13.000 евра месечно на кои има право во текот на три години по завршувањето на мандатот комесар во ЕК. Земањето на овие пари “би било неправда во однос на страдањата со кои се соочени нашите сограѓани”, изјави тој.

Освен неговиот мајчин италијански јазик, Тајани зборува англиски, шпански и француски. И своето обраќање пред пратениците го заврши со зборовите на Волтер: “Не се согласувам со се што велите, но ќе се борам до крај за да можете тоа да го кажете” и вети дека ќе биде поддршка за сите политички групи.

Тајани и Македонија

Нема многу да се каже за ставот на Тајани кон Македонија.

Тој се одзва на поканата на Никола Груевски, пред една година, и дојде како гостин на една тркалезна маса органзирана од ВМРО-ДПМНЕ во февруари 2016 година. Неговата тогашна порака во ништо не се разликуваше од пораките на меѓународната заедница.

На тркалезната маса на ВМРО-ДПНМЕ на 12 февруари 2016 година

Пораката на Тајани вдо Македонија во февруари 2016 година во ништо не се разликуваше од пораките на целата меѓународна заедница.

“На поранешната југословенска Република Македонија итно и треба политичка и економска стабилност за да озбезбеди просперитетна иднина за своите граѓани. За да се стави крај на политичкиот ќорсокак, политичките актери мораат да водат дијалог и да покажат волја за компромис. Тие мораат да бидат одговорни поради нивниот народ, нивната земја и целиот регион. Не остана многу време за губење”, рече Тајани давајќи му поддршка на договорот од Пржино. Тој додаде дека изборниот список мора да се прочисти, реформата на медиумите треба да се примени и треба да се одржат избори, кои во тоа време беа планирани за 24 април 2016 година.

Тајани потоа замина на границата со Грција за да види што се случува со бегалската криза и изјави дека Македонија е “важен геополитички партнер за справување со миграцијата”.

 

Антонио Тајани Европски парламент Македонија претседател ЕП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.