Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е српскиот агент Живаљевиќ кој беше во Собранието на 27.април

0
By Нова ТВ on May 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Присуството на Горан Живаљевиќ, советник во српската Амбасада во земјава и офицер на Безбедносно-информативната агенција (БИА), во Собранието на 27.април за време на нападот врз пратениците и новинарите ја разбрани македонската јавност.

Кој е Живаљевиќ и што барал во Собранието? НОВА разговараше со новинарот на неделникот „Време“, Дејан Анастасиевиќ кој важи за добар познавач на работата на службите.

НОВА: Кој е Вашиот коментар како добар познавач на работата на безбедносните служби за учеството на официјалниот претставник на БИА кој беше забележан во Собранието за време на нападот на 27.април? Српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека се работи за регуларен дел од неговата работа?

Анастасиевиќ: Самото негово присуство во Собранието може да се брани со тезата дека тоа го правел во рамките на својата должност бидејќи работата во странство го вклучува и тоа да тој го следи политичкиот живот во земјата во која е испратен. Е сега, многу поинтересно прашање е неговата врска со Србите во Македонија и нивните политички претставници.

НОВА: Тој исто така учествуваше на собир во Москва каде што требаше да се прогласи воено неутрална територија на кој учествуваше и пратеник од македонското Собрание кој инаку е Србин кој живее во Македонија. Дали во контекст на сите овие контроверзни информации околу влијанието на Русија на Балканот, тука може да се види нешто поконкретно?

Дејан Анастасиевиќ

Анастасиевиќ: Доколку навистина е точно дека тој бил на тој собир, тогаш се работи за едно сериозно прашање бидејќи тоа не се совпаѓа со работата која тој ја извршува. Патувањата во странство кај претставници на локални политички партии, било кои и да се, не спаѓаат во рамките на неговото редовно работење. Она што можам да кажам е дека шефовите на тајни служби често се менуваат а има многу работи кои се случуваат надвор од окото на јавноста и допрва треба да се види дали оваа афера ќе биде разјаснета. Белград обавезно мора да даде објаснување зошто тој бил во Москва.

НОВА: Има ли конкретни информации кој е Живаљевиќ? За него во Србија се пишуваше дека делува како контроверзен лик кој одамна е во службите, уште од времето на Милошевиќ. Кои се Вашите информации? Кој е Живаљевиќ?

Анастасиевиќ: Тој не припаѓа во прилично контроверзните ликови, сепак, кога се работи за луѓе кои работат во такви институции секогаш има такво мислење. Не, тој е доведен на местото началник неколку месеци пред убиството на Ѓинѓиќ за да замени луѓе кои пред него беа на таа функција кои беа во директна врска со Земунскиот клан и со атентатот врз Ѓинѓиќ. И тука е донесен како некомпромитиран кадар. Точно е дека почна да работи во времето на Милошевиќ, но тогаш беше млад и работеше на контрашпионажа и дојде како чист кадар. Ми се чини дека по убиството на Ѓинѓиќ не презеде ништо да се истражи каква беше улогата на низа луѓе кои работеа во службите. Не остави многу траги и релативно брзо кога дојде нова влада се донесе и нов директор на службите кој исто така сега е дипломат.

НОВА: Дејан, Вие напишавте коментар за информациите кои беа лиферувани во српските медиуми, а изворот на тие информации беше БИА, дека запленето е оружје кое било на пат кон Македонија?

Анастасиевиќ: Таа приказна нема никаква врска со БИА. Се работи за белградскиот медиум „Блиц“ кој објави дека воено-безбедносната служба, која е одвоена од БИА, открила некаков товар оружје. Потоа излезе дека таа информација не е од воено-безбедносните служби туку од луѓе кои се блиски до премиерот Вучиќ.

Дејан Анастасиевиќ е истражувачки новинар кој работи во неделникот „Време“ а дописник е и за неколку странски медиуми. Негови текстови е објавени во Босна и Херцеговина, Приштина и Лондон меѓу другите градови.

Слободан Милошевиќ го обвинува за ширење дезинформации и помагање на терористи поради неговите извештаи за злосторствата врз етничките Албанци во Косово во 1998 година.

Во 1999 година со своето семејство заминува во Виена, а се враќа во Србија за време на падот на Милошевиќ. Впрочем тој е и првиот српски новинар кој сведочи во Хаг против Слободан Милошевиќ.

Во „Време“ работи на теми поврзани со организиран криминал и работата на безбедносните служби.

БИА Горан Живаљевиќ крвав четврток Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.