НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој ќе биде кабает ако се одложат изборите

0
By Нова ТВ on December 26, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: brif.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе биде ли доволна деблокадата на 40 закони во Собранието, кои се поврзани со примена од 1 јануари, како што потврди, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите за да нема отстапување од договореното кај шефот на државата Стево Пендаровски – предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април.

Меѓу законите, кои треба да бидат поддржани и од ВМРО-ДПМНЕ се и оние за покачување пензии, за покачување на платите, за стечајните работници, но и закони од областа на здравството, социјалата и финансиите. Ако не се усвојат законите, како што најави премиерот Зоран Заев, можно е на утрешната седница на Централниот одбор на СДСМ да биде донесена одлука за пролонгирање на датумот за повлекување на Заев од премиерското место (3 јануари) како и датумот за формирање техничка влада.

„Утре вечер имаме состанок на Централниот одбор на партијата, најважинот орган на кој ќе се разговараат овие прашања за техничката влада и изборите. Ќе се донесе одлука. Убеден сум дека во наредниот период ќе има комуникација меѓу партиските лидери. Утре ќе го видиме однесувањето на опозицијата во врска со сите закони врзани со рокови кои треба да почнат да функционираат од 1 јануари. Јас сум убеден дека опозицијата утре ќе ги поддржи како процес низ Парламентот и дека ќе немаме причина за таква дебата.“, изјави денеска во Собранието пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, кој потврди и дека за Законот за одбрана нема договор и дека тоа може да предизвика застој во членството на Македонија во НАТО.

„Со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцира ново вето од Грција. Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај. Овој парламентарен состав има чест и обврска да ги спроведе зацртаните цели што обезбедуваат полноправно членство на државата во НАТО“, додаде Локвенец.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека во купот закони со кои СДСМ го уценува одржувањето на изборите во април се и измените на Законот за опојни дроги, кој, како што нагласуваат нема да го поддржат по ниту една цена. Овој закон Владата се обидела, како што вели опозицијата, да го протне злоупотребувајќи го европското знаменце во екот на дебатата во ЕУ за доделување датум за преговори на Македонија. Евентуалното одложување на вонредните парламентарни избори, според политичките посматрачи, се заканува да предизвика сериозна политичка криза.

 

Првиот претседател на повеќепартиското Собрание во земјава, Стојан Андов ги толкува актуелните меѓупартиски калкулации и надмудрувања како доказ дека државата и по 30 години има сериозен хендикеп – „тоалетно третирање“ на политичките договори, кои како инструмент има клучно значење во парламентарната демократија.

„Јавноста беше известена дека партиите се договориле да има избори на 12 април. Тие толку беа меѓу себе сигурни што отидоа да му соопштат и на претседателот на државата. Јас на тоа гледам како на сериозен политички договор. Тој договор требаше да биде публикуван за јавноста да ги дознае деталите. Односно постои ли во него некаква обврска до двете страни – за власта почитување на роковите за формирање техничка влада, а за опозицијата да не го блокира Собранието и носењето на законите или се било на жими мајка. Ако тоа го немало тоа е пропуст и затоа сега се случуваат вакви работи. Доколку опозицијата немала обврска во делот на нејзиното собраниско делување тогаш вината би била на страната на оној кој сега сака да ги одложи изборите. Во спротивно виновна е опозицијата“, вели за Нова ТВ, Стојан Андов.

Во меѓувреме владини извори брифираат дека  Заев во сабота во 17 часот во Владата ќе одржи средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Но, во тие информации забележливо е дека не се споменува потребата од расчистување на патот за таа воопшто да се случи, туку се зборува за консултации за техничката влада.

Со измените и дополнувањата на Законот за Влада се предвидува сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на премиерот, Собранието да избере нова, преодна Влада за спроведување на парламентарни избори, предводена од нов премиер, кој го номинира партијата со најголем број пратеници во парламентот. Ќе бидат избрани и нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и тројца заменици министри.

Она што е важно да се нагласи е дека министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието, но по претходна консултација со владејачкото мнозинство. Таква консултација на ВМРО-ДПМНЕ нема да му треба за својот предлог за Министер за труд и социјална политика. Наводно, Заев и Мицкоски на средбата в сабота ќе ги усогласуваат токму ставовите околу опозицискиот предлог за прв човек на МВР, во чии ингеренции, меѓудругото, спаѓаат и најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во министерството. Тој ќе може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсто од бројот на хоризонтални распоредувања. Тие алатки за кадровски ротации во рацете на новиот прв човек на МВР, секако дека, во фото-финишот може да го успорат договорот меѓу власта и опозицијата.

избори Калкулации Стојан Андов Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.