Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој може да настапува во женска конкуренција – дебата откако Италијанката Карини се повлече од боксерски меч на Олимпијадата

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 2, 2024 16:16

Италијанката, Ангела Карини, престана да се бори по само 46 секунди во бокс мечот на Олимпијадата во Париз против Имане Келиф од Алжир.

Карини ја напушти борбата одбивајќи да продолжи откако доби тежок удар од противничката од Алжир, која беше дисквалификувана од минатогодишното светско првенство поради прашања за нејзината подобност да се натпреварува во женски спорт.

Италијанската боксерка застана за момент, а потоа го сврте грбот кон Келиф и отиде до нејзиниот агол. Нејзините тренери брзо дадоа знак дека Карини нема да продолжи, а судијата ја прекина борбата.

Во анализата од Њујорк Тајмс се наведува дека на 25-годишната Келиф и беше дозволено да се натпреварува на Олимпијадата, иако минатата година  на Светското првенство ѝ беше забрането, откако боксерските власти рекоа дека не ги исполнува условите за подобност за да се натпреварува во женски натпревар.

Друг спортист, кој исто така доби забран на минатогодишното светско првенство под слични околности, Лин Ју-тинг, исто така доби дозвола да се бори во Париз.

Меѓународната боксерска асоцијација, која ги водеше тие првенства и нареди дисквалификации, понуди малку увид во причините за отстранувањето, велејќи во соопштението дека дисквалификациите дојдоа откако „спортистите не беа подложени на тестостерон, туку беа предмет на посебен и признат тест“.

Здружението рече дека тестот, чии специфики се доверливи, „убедливо укажа дека и ови спортисти не ги исполнуваат потребните неопходни критериуми за подобност и се покажа дека имаат конкурентски предности во однос на другите женски натпреварувачи“.

Овие правила, кои боксерската асоцијација ги усвои за Игрите во Рио во 2016 година, се истите според кои функционира Меѓународниот олимписки комитет (I.O.C.) како орган кој го води боксерскиот турнир на Игрите во Париз. Но, правилата на I.O.C. не вклучуваат преглед за тестостерон или ограничувања за родова подобност, освен во еден параграф во кој се вели „може да се спроведат родови тестови“.

Деновиве, присуството во женската олимписка конкуренција на две боксери кои се соочија со прашања за подобност стана најновата точка на затегнување во напорната дебата за родот и фер-плејот во спортот.

Меѓународниот олимписки комитет, кој го надгледува боксерското натпреварување, рече дека дисквалификациите на Келиф и Лин на светското првенство во 2023 година биле „ненадејни и произволни“ и го брани нивното право да се борат во Париз.

„Секој човек има право да вежба спорт без дискриминација“, велат од I.O.C.

Карини одби да се ракува со Келиф по објавувањето на нејзиниот пораз, а потоа падна на колена во рингот и почна да плаче.

„Срцето ми е скршено“, им рече таа на новинарите потоа. „Отидов на рингот да му оддадам чест на татко ми. Многу пати ми велеа дека сум воин, но претпочитав да застанам за моето здравје. Никогаш не сум почувствувал ваков удар. Влегов во рингот да се борам. не се откажав. Но, еден удар ме болеше премногу и затоа реков: „Доста.“ Излегувам со крената глава“, рече Карин.

Карини одби да каже дали на Келиф требало да ѝ биде дозволено да учествува.

„Јас не сум таа што го суди овој натпревар“, рече таа. „Јас не сум судија“.

Загубата во четвртокот предизвика силни реакции во Италија, каде што премиерот Џорџија Мелони ја нарече борбата „натпревар што не изгледаше дека е на еднаква основа“.

„Спортистите кои имаат машки генетски карактеристики не треба да бидат примени на женски натпревари“, изјави Мелони.

Клареса Шилдс, професионална боксерка која во 2012 година стана првата Американка која освоила златен олимписки медал, во интервју изјави дека не се сеќава дека била подложена на тест за тестостерон кога се натпреварувала како аматер. Таа рече дека жените со природно високо ниво на тестостерон не треба да се казнуваат и дека треба да има транспарентни протоколи за тестирање.

„Не можеме да казниме жена затоа што природно има нешто што другите жени го немаат“, рече Шилдс. „Тоа е како да кажете: „Ох, таа е премногу силна за да биде во оваа категорија, таа ги нокаутира сите, ќе ја ставиме во машки натпревар. Мора да бидат тоа некои факти кои имаат смисла“.

Во дебатата за тоа кому треба да му биде дозволено да учествува во женските натпревари, се отвораат две прашања:

Првото вклучува трансродови спортисти како американската пливачка Лиа Томас, која водела неуспешна правна битка барајќи шанса да се квалификува за Игрите во Париз. Некои спортови, вклучително и пливањето и атлетиката, ефикасно ги спречуваат од женски настани оние спортисти кои поминале низ пубертетот како мажи.

Марк Адамс, портпарол на Меѓународниот олимписки комитет, рече дека Келиф од Алжир и Лин од Тајван, не се трансродови спортисти и не треба да се опишуваат како такви.

Другото прашање вклучува спортисти како двократната олимписка шампионка во атлетика Кастер Семења, кои имаат разлика во сексуалниот развој познат како 46XY DSD.

Овие спортисти се сметаат за легално жени или интерсексуални и имаат X и Y хромозоми во типична машка шема;  тестиси или неодредени гениталии; природни нивоа на тестостерон во машки опсег; и реагираат на тестостерон на начини типични за мажите.

Меѓународната боксерска асоцијација, издаде своја изјава оваа недела за да објасни зошто им забрани настап на Келифа и Лин минатата година. Умар Кремлев, претседателот на здружението, тогаш рече дека тие биле исклучени од светското првенство во 2023 година, бидејќи тестирањето покажало дека поседуваат и Х и Y хромозоми.

Марк Адамс рече дека и Келиф и Лин се идентификуваат како жени во нивните пасоши. I.O.C. се соочи со зголемени прашања за нивното учеството, но рече дека и тие спортисти добиле дозвола да се борат според правилата на Олимпискиот турнир.

„Сите што се натпреваруваат во женска категорија ги почитуваат правилата за подобност за натпреварување“, рече г-дин Адамс.

Сексуалното тестирање за женските олимписки натпреварувачи започна во 1968 година, а I.O.C. се согласи да ја прекине практиката во 1999 година.

„Овие дами се жени“, рече другиот портпарол на I.O.C. Кристијан Клауе. „Тие се родени како жени. Тие долго време боксуваа како жени во женски натпреварувања без некои поголеми проблеми“, вклучително и Олимпијадата во Токио во 2021 година.

Бидејќи на Игрите нема тестирање за пол, г-дин Клауе рече: „Кој повикува кои спортисти треба да се тестираат? Не можете да одите само според изгледот. Тоа е чиста дискриминација“.

Судот за спортска арбитража, кој решава спорови во меѓународниот спорт, одлучи дека прописите на некои спортски федерации кои поставуваат ограничувања за спортистите со условот 46XY DSD се дискриминаторски, но додава – „неопходни, разумни и пропорционални“ за да се зачува фер-плејот во женските натпревари .

Според Меѓународната боксерска асоцијација (И.Б.А.), Келиф првично ја обжалила нејзината дисквалификација минатата година до Судот за спортска арбитража „но ја повлече жалбата во текот на процесот, со што одлуката на И.Б.А. е правно обврзувачка одлука“. Лин, од друга страна, не ја оспори нејзината дисквалификација.

Келиф во следната рунда ќе се соочи со Унгарката Ана Лука Хамори, која за Асошиетед прес изјави дека не се грижи за спорот на социјалните мрежи во врска со присуството на Келиф на Олимпијадата, додавајќи: „Ако таа или тој е маж, тоа ќе биде поголема победа за мене ако победам“. Линк

Подготви: Ј. Ѓ.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.