Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој најмногу јаде, а кој најмногу пие во ЕУ

0
By Нова ТВ on December 27, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белгијците јадат најмногу, Французите најмногу време поминуваат на трпеза, Литванците најмногу пијат, а најмногу пушачи во ЕУ има меѓу Грците, покажа анализата на „Политико“.

Во однос на храната, односно сметајќи колку калории дневно конзумираат, први на листата се Белгијците со 3.793 калории, потоа Австријците со 3.784 и Ирците – 3.591. Франција и Германија се во златната средина – 3.524 и 3.539, како и Италија. Бугарите во просек внесуваат по  2.877 калории дневно, речиси исто колку и Словаците –  2.902.

Односот кон трпезата се гледа и според времето кое се минува на неа. Прваци се Французите, кои во просек, дневно, минуваат по 135 минути јадејќи. Следуваат Италија и Белгија – 114 и 109 минути, Полска – 94 минути, а  Финците се уште побрзи – 81 минута минуваат на трпеза.

Кога станува збор за алкохолниот пијалок, први на листата се Литванците, каде секој од нив во просек пие по 15,4 литри алкохолни пијалоци годишно. Зад нив се Романците со просек од 14,4 литри годишно по глава на жител. Унгарците заостануваат, но не многу – тие пијат по 13,3 литри. Бугарите, слично како и Британците се поумерени и пијат по 11,4 литри по човек, односно 11,6 литри.

Кога е во прашање „светот на пушачите“, Грците се број еден. Таму цигари консумираат 37 отсто од населението, Во Бугарија и Франција тој процент е 36 отсто, во Хрватска – 35 проценти, а на дното на листата се Швеѓаните каде пушат само седум проценти од населението.

Кога станува збор за времето поминато пред „синиот екран“ предначат Романците, кои пред телевизор минуваат по 329 минути на ден или повеќе од пет часа. По нив следат Грците, кои се „поумерени” и минуваат само 258 минути гледајќи телевизија, но и Германците се тука некаде со по 223 минути дневно. Швеѓаните, по се изгледа, имаат сосема поинаков животен стил, па само 149 минути дневно се пред екраните.

Кога се во прашање навиките за пиење кафе, апсолутни шампиони се Финците, кои просечно пијат по 12 килограми кафе годишно. Германците и Французите се меѓу поскромните – 5,5, односно 5,4 килограми кафе, а на крајот на списокот се Бугарите и Ромаците кои пијат по 2,9, односно 2,4 килограми кафе годишно.

 

ЕУ истражување јадење пиење Политико пушење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.