Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој по ѓаволите е Илон Маск!? Се дрзна да им држи лекции на Германците – и на светот – за демократија и соочување со минатото

0
By Marija Todorovska on January 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Флертот на Маск со авторитаризмот не е уникатен ни сега, ни во минатото. Повеќето богаташи биле и се рамо до рамо со авторитарните режими и диктатури во светот. Но глобалното влијание што го има Маск ги прават неговите постапки уникатно опасни.

Џабир Дерала

Токму така – кој по ѓаволите е Илон Маск да им држи лекции на Германците – и на светот – за демократија, слобода на говор, национална гордост и – WTF!? – соочување со минатото!?

Најбогатиот човек на светот е технолошки лик, тоа е јасно. Истовремено е и сопственик на социјална мрежа, не медиум, иако може лесно да купи еден или повеќе медиуми за пет минути, само за да се спротивстави на овој став. Овој технолошки магнат, кој наследи богатство од татко му, сопственик на рудници за смарагди, и кој заработи голем дел од своето богатство преку зделки со владата на САД – значи, од џебовите на американските даночни обврзници – одлучи да стане самопрогласен креатор на политиките во САД, но и глобално. Тој прерасна во своевиден „апсолутист на слободниот говор“ кој воопшто не прави разлика меѓу екстремен говор на омраза и слобода на говор.

Технолошкиов се поврза со авторитарните и екстремно десничарски фигури и групи во Европа. И сега, кога се ближат клучните избори во Германија (23 февруари), неговото лицемерие и крајно непознавање на нештата стануваат, всушност, прилично опасни. Додека повикува на демократија, човекот кој направи јасен „Зиг Хајл“ поздрав на инаугуративниот настан на Доналд Трамп на 20 јануари, опасно ја загрозува демократијата и изборниот интегритет во една европска земја – овој пат во Германија.

Илон Маск, непоканет (во политичка и историска смисла на зборот) и без каква било легитимност и кредибилитет, без познавање и разбирање на основите на демократија, историја и вредности – не знаејќи ништо за европските контексти – тоне во калта на екстремниот десничарски национализам и омраза. Начинот на кој ја поддржува германската АФД (Alternative für Deutschland – Алтернатива за Германија) ги поткопува самите темели на демократските вредности и изборниот интегритет на Германија – вредности што тој лажно тврди дека ги поддржува.

АФД е позната по своите ксенофобични и ултранационалистички политики и долго време е под критичка, но и безбедносна лупа поради очигледната врска со екстремно десничарските идеологии и флертувањето со ревизионистичката историја.

Појавувањето на Маск на митингот на АФД не беше само погрешен чекор.  Тоа беше еден од најдрските обиди да се афирмира најмрачниот период на Германија. Воедно, ја поткопува и демократската сегашност на земјата со напад врз фундаментите на демократијата.

Иронично, сето ова е навредливо дури и за самата АФД. Како е можно членовите на оваа партија да не го гледаат тоа? И лидерката на оваа десничарска партија во експанзија, г-ѓа Алиса Вајдел, изгледа како да е заслепена од сјајот на богатството на неурамнотежениот милијардер. Срамно е благ израз за оваа ситуација.

Со дидактичен тон во својот настап, Илон Маск се однесува патерналистички кон лидерката на АФД и нејзините поддржувачи. Неговите „мудри мисли“ за минатото не беа ништо друго освен груб обид за белеење на историјата. Повикот на Маск да „продолжиме понатаму“, за ослободување од „вината за минатото“ не е само непримерен тон на изразување. Тој одразува еден наратив на крајната десница кој ги минимизира ужасите на нацизмот и ги поткопува напорите на Германија за соочување со минатото. Маск се обидува да ги избрише или релативизира тешките лекции од Втората светска војна, не само за Германците, туку и за цела Европа и светот, а тоа е дека диктатурите, агресијата, негирањето на правото на народите за самоопределување и негирањето на фундаменталните човекови права и слободи водат до разорни и трајни трагични последици.

Општо позната е децениската пракса и посветеноста на Германија со ставот „никогаш повеќе“. Тоа не е само фраза, туку е основа на германската модерна демократија и се одразува во образованието, меморијалите и законите кои обезбедуваат одговорност за говор на омраза, екстремизам и нацизам. А сега, најбогатиот човек на планетата доаѓа од преку Атлантикот за да го омаловажи сето тоа? Тоа е длабоко вознемирувачка постапка што мора да го вклучи алармот, како во Германија, така и насекаде во Европа и пошироко.

Маск користи и суптилни националистички повици. Неговите изјави за „зачувување на германската култура“ и целосното отфрлање на мултикултурализмот директно се совпаѓаат со ксенофобичните концепти. Тој едноставно не го разбира концептот на културата, ниту пак концептот на мултикултурализам. Тој го отфрла мултикултурализмот како нешто што ја разредува германската култура. Колку и да е неинформирана оваа изјава, таа е крајно провокативна и деструктивна.

На крајот, финансиската и јавната поддршка на Маск за АФД не само што ја загрозува демократската структура на Германија, туку и стабилноста на ЕУ.

Постапките како што беше наци-поздравот на Маск и неговото ладно отфрлање на критиките не се само провокации на богат и размазен ексцентрик. Тие се злонамерни сигнали кои ја охрабруваат крајната десница насекаде низ светот. Тој се обидува да ја тривијализира историјата и да ја десензибилизира јавноста за реалните опасности од авторитаризмот и екстремизмот. И дефинитивно го разоткриваат Маск како крајно неодговорна и нечесна фигура на глобалната сцена.

Флертот на Маск со авторитаризмот не е уникатен ни сега, ни во минатото. Повеќето богаташи биле и се рамо до рамо со авторитарните режими и диктатури во светот. Но глобалното влијание што го има Маск ги прават неговите постапки уникатно опасни.

Германија, Европа и светот не смеат да дозволат богатството и влијанието да го заштитат Илон Маск од одговорност. Ако не бидат соочени со решителна критика и отфрлање, неговите постапки ќе ги охрабрат оние кои сакаат да ја напишат историјата одново и да ги поткопаат демократијата и човековите права. Демократските сили мора да покажат решителна посветеност – подобро кажано, да ја обноват посветеноста кон вредностите кои ги загрозуваат постапките на Маск и ликови како него. Време е јасно и недвосмислено да се каже: Кој по ѓаволите е Илон Маск да им држи лекции на Германците – или на кој било друг – за демократијата?

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

АФД демократија Илон Маск крајна десница Ксенофобија нацистички поздрав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.