НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој прележал КОВИД 19 можно е пак да се зарази – нови 25 случаи,12 се во тешка состојба

0
By Менче Атанасова Точи on April 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заразена е медициска сестра од Куманово која патувала и била вработена на Клиниката за пулмологија, а која била во резервниот тим на Инфективна,  вчера добила симптоми со висока температура. Четири медицински сестри од инфективното одделение во Штип се во самоизолација откако кај пациентка второто тестирање покажало дека е позитивна на коронавирус

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка заболена од коронавирус од околината на Струга на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања,  хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, хронична болест на срцето, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Починатата е од околината на Струга, неколку дена била со висока температура, се лекувала на Инфективна клиника, но болеста земала брз тек, се влошила состојбата и реанимацијата не дала резултат, рече министерот Филипче.

Заразена е уште една медициска сестра од Куманово која патувала и била вработена на Клиниката за пулмологија, а која била во резервниот тим на Инфективна, вчера добила симптоми со висока температура.

Четири медицински сестри од инфективното одделение во Штип се во самоизолација откако кај 80-годишна пациентка дури на второто тестирање се покажало дека е позитивна на коронавирус. Пациентката била примена на 26 март кога брисот бил негативен, но на 30 март, поради влошување на состојбата е направено уште едно тестирање кое покажало дека е позитивна на коронавирус.

Се уште не се готови резулатите од тестовите од родилката од Охрид која почина на ГАК, а која беше донесена во состојба на сепса со мртов плод во утробата. Министерот Филипче најави дека ДСЗИ ќе испита зошто родилката била донесена без крвна група и оставена од брзата помош во Охрид пред вратата на ГАК, медицинските лица ја оставиле и си заминале.

„Кај оваа пациентка бебето е извадено, но за жал во 22 часот во текот на интервенцијата родилката почина. Се работи за многу комплициран случај, со прекумерна тежина и висок притисок, изваден е гној од утробата, земен е брис, се чекаат резулатите. Втората родилка од Куманово е донесена со коронавирус, тестот е позитивен, таа има член од семејството кој е заболен. Поради влошената здравствена состојба родилката е префрлена на клиниката за Инфективни болест. Машко новороденче е извадено со царски рез, на интензивна нега е, изолирано  и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна поддршка. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19,“, изјави Филипче.

Тој апелираше до сите пациентки да се придржуваат до патеката која е направена на Клиниката за гинекологија каде има посебен изолиран дел и посебна операциона сала за вакви случаи. Со тоа ќе нема опасност за другите пациентки за вработените на ГАК.

Кај починатата пацинтка од од Лабуниште посмртно е констатиран коронавирус, а за починатиот маж од Битола се уште чекаат резултатите.

„Казни се изречени на екс дирекорката во болницата во Охрид и на неколку специјалисти од инфективното одделение како и на самта установа бидејќи не ја примиле пациентката од Струга која три часа лежела во возилото на брза помош, а потоа починала. Случајот ќе биде даден и на етичката комисија на Лекарската комора на РСМ“, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  354 лице.

Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на коронавирус.

„Денеска се испишани пет пациенти кои на двата контролни теста се негативни. На Инфективната клиника има девет нови пациенти. Вкупната бројка сега е 59 – 12 се со потешка клиничка слика, а пет се поставени на механичка вентилација“, рече Филипче.

На прашање на НОВА, дали заболен со КОВИД-19 со лесни сиптоми и помината золација од 14 дена, може повторно да се зарази со вирусот, министерот рече дека според литературата во светот, има такви ситуации и има можност повторно да бидат заразени.

За случајот со 45 годишниот маж од Куманово кој почина вчера од КОВОД-19, а беше соопштено дека се заразил од член на семејството кое се вратило од Франција, Филипче рече дека дополнително ќе се заинтересира и ќе се испита случајот  бидејќи дури вчера по неговата смрт на лицето кое се вратило од Франција му е земен брис, како и на останатите членови на семејството. Се работи за неговата мајка која според тврдење на член од семејтството цела недела барала од матичниот лекар да и биде закажано тестирање бидејќи е болна.

Што се однесува до мајките на кои им истекува породилното остуство овој период министерот рече дека проблемоте е надминат и дека во моментот се изготвува решение за продолжување на отсуството.

Тој нагласи дека здравствениот систем е подготвен за пикот на вирусот кој се очекува на крај на април. Од денеска во функција е уште еден пункт во поликлиниката Млин Балкан, фукционира тимот за стари лица, а таму каде што е потребно по градовите ќе се засилат пунктовите за тестирање.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.