Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која е причината за загинувањето на градежните работници

0
By Нова ТВ on November 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 18, 2013 17:21

Поминаа четири дена од последниот случај кога градежен работник почина при пад од скеле од десетиот кат на ново градбата на хотелот Мерниот во центарот на Скопје.

НОВА не успеа да добие одговор од надлежните во Трудовата инспекција за причините за смртта на 48-годишниот работник од Чаир кој падна од скелето поставено на хотелот што се гради на плоштадот Македонија.

Во мај годинава имаше два смртни случаи на градежни работници кои работеа на проектот Скопје 2014.

Новинарските извештаи содржат сурови податоци, во кои што ваквите случаи, најчесто се квалификуваат како несреќи- “според МВР несреќата се случила…“, за на крај да се заврши со реченицата: Работникот немал ниту кацига, ниту заштитно јаже. Сепак отсуствува официјална потврда за причината за несреќата.

Која е причината за загинувањето на градежните работници, минатиот месец, во
септември, во август, во месец јули? Што вели статистиката за причинителите на несреќите?

Македонското здружение за заштита при работа во последниот свој извештај за случените несреќи на работното место оценува дека причинителите на несреќите не можат да бидат констатирани поради потребата од детална истрага и анализа за да се утврдат вистинските причинители. „Најчесто од нашите извори (медиуми) немаме целосни податоци за причинителот на повредата или целосен и точен опис на настанот“, наведено е во извештајот на Здружение за заштита при работа.

Бројките за повредените и починатите во извештаите на ЗЗПР се секогаш поголеми од оние официјалните на надлежните институции, бидејќи како што објаснија за НОВА оттаму, тие покрај официјалните податоци, ги користат и информациите за несреќи на работно место од печатените медиуми.

Во извештајот на ЗЗПР за 2012 година се вели дека во однос на местото, Скопје е град со најголем број на несреќи. По Скопје следат Штип и Куманово по број на несреќи, а најголем број на смртни случаи имаме во Струмица- 9. Во текот на минатата година во Скопје се случиле над 50 несреќи на работно место, од кои 6 се со смртни последици. Констатирано е благо зголемување на бројот на несреќите во однос на 2011 година.

Во 2012 година најмногу несреќи има во дејноста “Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување” по што следи “Градежништвото”. Анализата утврдува дека најмногу несреќи се случиле во вторник, но најголем број на смртни случаи имало во сабота.

Најголем дел од несреќите се случиле во летните месеци, бидејќи е тоа период на интензивно извршување на градежни работи. Од 45-те смртни случаи во текот на минатата година 17 се случиле во јули и август.

Најголем број на несреќи со фатален исход има во категориите на работници кои се наоѓаат на возраст помеѓу 35 – 44 и 45 – 54, исто како и минатата година. Од вкупно 161 случена несреќа, само 4 од нив спаѓаат во категоријата жени, се вели во извештајот на
Македонското здружение за заштита при работа.

Во текот на викендот и опозиционата СДСМ го повика министерот за труд и социјала Диме Спасов да даде одговор на прашањата:

– Колку од смртоносните падови од скеле при работа на милионските проекти од Скопје
2014 се расветлени, кои се тие и што се причините?

– Дали со нерасветлувањето на загинувањето на работниците власта ги штити градежните
компании, на кои им должи пари за проектите за коишто ги ангажира?

– И минатиот месец градежен работник го загуби својот живот, излета од камион со кој бил превезуван. И во септември загина работник од Штип, на градилиште во Скопје. И во август работник го загуби својот живот во работилница за поправка на товарни возови. И во јули градежен работник го загуби својот живот паѓајќи од скеле. Секој месец гине по најмалку еден градежен работник.

СДСМ потсети и на несреќите во проектот Скопје 2014, 52-годишен градежен работник падна од скеле на објектот покрај кејот на Вардар во којшто треба да бидат сместени Јавното обвинителство и Финансиската полиција. Пет дена претходно загина 41-но годишен работник, кој падна од скеле додека работел на музејскиот комплекс на ВМРО.

Во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика беше наведено дека СДСМ повторно сака да профитира на трагичен настан и на смртта на еден човек да добие ситни политички поени.

Повикувајќи се на донесената законска регулатива за заштита и безбедност при работа и бројните правилници со кои се регулира безбедноста на работниците, МТСП информираше дека Државниот инспекторат за труд од почетокот на годинава досега во областа безбедност и здравје при работа има извршено вкупно 9.057 инспекциски надзори, а недостатоци биле утврдени во 5.457 случаи, донесени биле и 112 забрани за работа, поднесени се 91 барање за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и 24 кривични пријави.

И додека траат политичките препукувања меѓу власта и опозицијата единствено невладиниte организации јавно информираат дека работниците главно гинат поради несоодветните услови за работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.