Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која е Сахра Вагенкнехт тврдо-левичарката која може да ја намали поддршката на екстремната десница во Германија?

0
By Zoran Ivanov on September 3, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 3, 2024 09:53

Сахра Вагенкнехт, која делумно има иранско потекло, го привлече вниманието на јавноста со своите екстремни политички ставови, почнувајќи од сталинистички до десничарски популистички позиции, од нејзиното доаѓање на политичката сцена по падот на Источна Германија, каде што беше член на режимската партија СЕД. Според пишувањата на светските медиуми планот на Вагенкнехт во блиска иднина е да задава тежок удар за Левицата, но и да собира гласови од десничарската Алтернатива за Германија.

Дејан Србиновски

Сахра Вагенкнехт – лидер на партијата „Сојуз на Сахра Вагенкнехт – за разум и правда“ EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Сахра Вагенкнехт, долгогодишното лице на Левицата во Германија и лидер на партијата „Сојуз на Сахра Вагенкнехт – за разум и правда“, која влече корени во Комунистичката партија на Источна Германија, има потенцијал да ја отстрани поддршката за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) која победи на последните регионални избори одржани изминатиот викенд.

Самонаречената „лева конзервативна“ бунтовничка, која ги надмина своите стари сојузници, верува дека Берлин не треба да го поддржува Киев во услови на тековната целосна инвазија на Русија и дека Германија треба да биде многу помалку отворена за имиграција.

Како што пишува „Јуроњуз“, лидерката на новата политичка сила формирана пред еден месец добива на популарност во земјата, а анкетите покажуваат дека би можела во периодот што доаѓа да освои значителен број гласови на изборите за Бундестагот.

Имено, алијансата на Сахра Вагенкнехт (БСВ) успеа да се рангира на третото место во двете држави со 15,8 отсто и 11,8 отсто од гласовите во Тирингија и Саксонија соодветно. Успехот на лидерката на истоимената партија беше шокантен низ цела Германија како и победата на АФД во Тирингија.

Но, тоа не е единствената паралела помеѓу БСВ и екстремно десничарската партија, наведува медиумот на оваа тема.

Вагенкнехт лице на Левицата, која има корени во Комунистичката партија

Сахра ја помина целата своја кариера на крајниот крај на левата страна. Родена во Јена и израсната во Источен Берлин, таа се приклучи на Слободната германска младина и на владејачката Социјалистичко единство во Германија пред да наполни 20 години.

По повторното обединување на Германија, таа продолжи да студира филозофија, магистрирајќи ја тезата за интерпретацијата на Хегел од Карл Маркс, објавена како книга во 1997 година.

Во својата кратка биографија Вагенкнехт докторирала по микроекономија на развиените земји, сето тоа додека се занимавала со кариера во политиката. Откако германските левичарски партии се приклучија за да го формираат „Ди Линке“ во 2007 година, Вагенкнехт стана една од нејзините најистакнати, но поделени фигури и, на крајот, еден од нејзините лидери во Бундестагот.

По долгиот развод од „Ди Линке“, што резултираше со над 50 членови на движењето кои побараа нејзино исклучување, таа формираше своја партија во јануари.

Одвојувањето на Вагенкнехт од водечката левичарска партија во Германија беше вкоренето во нејзиното верување дека левичарските партии повеќе не и служат на работничката класа, дека премногу се олабавиле во врска со миграцијата и претерано попуштиле на еколошките политики – работи на кои таа жестоко се противи.

Премногу блиска со Кремљ?

Во меѓувреме светските медиуми забележуваат дека економскиот модел на Вагенкнехт поддржува социјални трошоци, високи плати, државни бенефиции и државна сопственост. Сепак, нејзините внатрешно-политички ставови радикално се разликуваат од оние на мејнстрим левицата во земјата.

Во 2017 година, таа повика на распуштање на НАТО и нов безбедносен договор што ќе ја приближи Германија до Русија, најголемиот снабдувач на гас во земјата. По целосната инвазија на Украина на Русија во февруари 2022 година, Вагенкнехт се спротивстави на санкционирањето на Кремљ и одби да го поддржи испраќањето воена помош за Киев.

На почетокот на 2023 година, таа започна петиција да се запре испораката на оружје во Украина и да се обиде да донесе дипломатско решение на конфликтот.

Нејзиниот „Манифест за мир“ доби околу 700.000 потписи за помалку од еден месец. Во исто време нејзиниот став за Украина беше пофален и поддржан од АфД и други екстремно десничарски групи.

Отпор кон имиграцијата, главен адут на БСВ

Аналитичарите веруваат дека партијата на Сахра Вагенкнехт, која во рамките на партијата Левица ги претставуваше десничарските позиции како отпорот кон имиграцијата, може да привлече голем број гласачи кои сега гласаат за десничарската, популистичка Алтернатива за Германија, која е особено популарна во источниот дел на земјата.

Вагенкнехт рече дека целта на формирањето на е да се надмине „неспособноста и ароганцијата“ на сегашната федерална влада.

„Граѓаните, особено во источна Германија, се чувствуваат оставени на цедило“, вели Вагенкнехт.

Сахра Вагенкнехт, која делумно има иранско потекло, го привлече вниманието на јавноста со своите екстремни политички ставови, почнувајќи од сталинистички до десничарски популистички позиции, од нејзиното доаѓање на политичката сцена по падот на Источна Германија, каде што беше член на режимската партија СЕД. Според пишувањата на светските медиуми планот на Вагенкнехт во блиска иднина е да задава тежок удар за Левицата, но и да собира гласови од десничарската Алтернатива за Германија. (АФД)

Текстот е сопственост на Слободен печат

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.