Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колапс на Мајкрософт низ светот-експертите велат најверојатно е грешка при конфигурација на софтверот Falcon на CrowdStrike

0
By Marija Todorovska on July 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 19, 2024 14:29

Биљана Јордановска 

Медиумите, банките и компаниите ширум светот се соочија со технички прекини и проблеми во своето функционирање.

Компанијата Мајкрософт соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, а  истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услугите во САД, како и проблем што влијаат на неколку нејзини апликации и услуги.

„Нашите ИТ тимови активно истражуваат за да ја утврдат основната причина за проблемот. Не можеме да пристапиме до дијаграмите на возачите на одредени локации, што доведува до потенцијални откажувања со ненавремени известувања. Дополнително, други клучни системи, вклучувајќи ги и нашите платформи за информации за клиентите во реално време, исто така се погодени. Ќе обезбедиме дополнителни ажурирања кога ќе можеме. Во меѓувреме, ве молиме редовно проверувајте го вашето патување пред да патувате“, известија од Мајкрософт.

Сепак вината, според експертите со кои разговараше ЦИВИЛ Медиа, вината не е во Мајкрософт.

„CrowdStrike објави ажурирање со Microsoft што ги става компјутерите и серверите во Boot Loop, што значи дека не може да се подигне, катастрофална грешка која најверојатно се должи на недоволно тестирање пред објавување на ажурирањето, преработка и аутсорсинг на клучните позиции за тестирање на несоодветни пазари’, објасни ИТ експертот со кој контактираше ЦИВИЛ Медиа. 

Ванчо Орданоски, ИТ професионалец, вели дека грешката е на CrowdStrike при конфигурација на софтверот Фалкон, кој предизивикува замрзнување на Windows -от. 

„Мајкрософт не е виновен овој пат за овој проблем иако имаше инцидент неговата Azure платформа ама не поврзано со ова што се случува сега.  CrowdStrike водечка компанија EDR (Endpoint Detection and Response) решенија, софтвер кој стои на влезните точки на кмпаниските мрежи без оглед дали се телeфони., интернет и други, а служи за рано откривање на проблеми.

Имале грешка во нивниот софтвер кој му прави проблем на Microsoft Windows. Грешка при конфигурација на Фалкон, софтер на CrowdStrike. Млаку иронично баш компнаnијата што треба ги заштити од катастрофи iим предизвика катастрофа. Секоја компанија треба да има предвидени решенија, процедури  во случај на вакви грешки, срамота е да немаат начини брзо да ги решат. Во моментот, акциите им се паднати за 20%“, вели Орданоски.

Орданоски, додаде дека, на пример, ние во Македонија немаме институција која ќе се бави со интернет закани и со вакви технолошки случувања. Ниту пак компаниите имаат некој да ги поучи за било какво катастрофично сценарио..

Денеска по ова прашање се произнесе и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции. Тој додаде дека се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.

Во Австралија, голем број банки, медиуми и авиокомпании известија дека се изложени на масовен ИТ напад и нарушување на комуникациите. На аеродромот во Сиднеј откажани се летови, во супермаркетите е хаос, а нарушени се и програмите на ТВ мрежите поради дефект на компјутерските системи и графиката.

Само неколку часа пред Австралија, неколку американски авиокомпании исто така пријавиле дека морале да ги откажат или одложат летовите поради проблеми со ИТ-врските. Телстра и Гугл, исто така, регистрираа тешкотии. Проблеми се појавија и со летовите на аеродромите во Берлин, Шпанија, и со сите летови на американските компании, меѓу кои и Делта јунајтед и Американ ерлајнс.

Преземено: Цивил Медиа

Мајкрософт софтвер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.