Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колекцијата „Француска елеганција“ на Душица Петит на ревија во Скопје

0
By Нова ТВ on October 24, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската модна дизајнерка која живее и работи во Париз, Душица Петит, во рамките на Моден викенд-Скопје ќе одржи модна ревија на 24 октомври, вторник, во 21 часот, во Хотел Мериот.

На македонската публика, Петит ќе и ја претстави новата колекција „Француска елеганција“.

– Колекцијата „Француска елеганција“ е составена од десет женски свечени тоалети и една машка силуета. Направена е во црна боја и со златни детали и е наменета за елегантни девојки. За оваа колекција се инспирирав од барок стил и елементи, но и од француските модни куќи како „Балман“, „Диор“ и „Сен Лоран“. Француска елеганција според мене е мода која што прикажува свечени тоалети и која што е препознатлива по „la petite robe noire“ (мал црн фустан). Македонките ги гледам облечени во француска елеганција, затоа што голем дел од нив обожаваат свечени тоалети и креации кои што би можеле да ги носат на коктел забави, на гала настани или на вечера во ресторан, вели таа.

Веднаш по ревијата на мини коктел гостите ќе можат одблиску да ги видат креациите и да се дружат со дизајнерката.

Колекцијата и работата на креаторката, македонската публика има можност да ја види и на 25 и 26 октомври на Шоурум/поп-ап продавницата што ќе се одржи на ул. Никола Вапцаров бр.8/1-2 во Скопје.

Изложени ќе бидат новата колекција „Француска колекција“, капсулна колекција на уникатни брошеви и дел од креациите од нејзините минати колекции.

Душица Петит во 2016 година дипломира на Есмод во Париз, Франција. Со првата колекција Winter Flowering е прогласена за „Извонреден победник“ на International Young Designer Competition во Пекинг, Кина, а со истата колекција учествува и на модна ревија во Будимпешта, Унгарија во организација на магазинот Marie Claire.

Има исксутво со работа во Maison Le Mariè, на подготовка на колекција на висока мода на „Шанел“.

Во Париз го развива својот бренд Shaleva Couture, а нејзини креации се појавиле во познатите модни списанија Elle, L’Officiel, Marie Claire, Elegant.

Во март годинава беше избрана за финалист на меѓународен натпревар на Fashion Scout London со мини колекцијата „Алиса во земјата на чудата“, со која се претстави на Белградската модна недела, на Моден викенд-Скопје и на модно шоу на Elle.

Душица Петит мода моден викенд ревија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.