Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку една земја е поблиску до НАТО, толку е поголема можноста за кибер напади

0
By Нова ТВ on October 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија генерал Клаудио Грацијано смета дека факт е дека нашата земја влегува во НАТО и во ЕУ. И Иако тоа е многу позитивно, со тоа се менува балансот и се отвораат можностите за кибер-напади. Во врска со тоа дали земјата треба да очекува зголемена пропаганда или лажни вести пред полноправното членство во Алијансата, не дава конкретен одговор. Вели, тој не е разузнавач, но нагласува дека кога една земја станува дел од НАТО, добива повеќе внимание, а со тоа и можност за дополнителни кибер-напади.

– Еден дел од професионалноста е и да внимаваме кога зборуваме на телефон. Мора да имаме предвид дека можеби некој прислушува, можеби и не прислушува. Но колку сте поважни во системот, толку е поголема можноста да ве прислушуваат, истакнува генералот Грацијано во интервјуто за МИА.

Како прв човек на Воениот комитет на ЕУ, му давате совети по прашања од воената област на Политичко-безбедносниот комитет. Каква е Вашата проценка на безбедносната ситуација во Европа во моментов? Кој е најголемиот предизвик?

-Во врска со внатрешните предизвици, потребно е да се најде заеднички јазик во Европа и да се мобилизираат земјите членки да работат заедно и да ја зголемат соработката, бидејќи во моментов ги имаме и алатките и стратегијата за тоа.

Знаете, во моментов се водат дискусии за проширувањето. Во врска со внатрешните закани, тоа се оние веќе традиционалните, кои доаѓаат од Истокот, на кои може да им се одговори со традиционалните средства. Исто така, новите закани од Југот се поопасни и тие не го заменуваат старите, туку се сметаат за дополнителни. Кога ќе видите што се случуваше во Ирак и Сирија со ИСИС – географскиот тероризам беше победен, но тие станаа попрагматични и пософистицирани. Можат да влијаат на земјите, како на пример на Сомалија, која е земја погодена од сиромаштија. Тие самите не можат да се справат и затоа им е потребна помош.

ЕУ е една од организациите што даваат поддршка и има многу големи очекувања. Заканата од Југот, кој е голем регион, како што реков, е масивната илегалната миграција. Може да биде поттикната од климатските промени, зголемувањето на популацијата, криминалните организации и нарко-картелите. Како што знаете, војната во Авганистан е финансирана од шверцот на дрога, криминалот е широко распространет, потоа можната препродажба на оружје за масовно уништување.

Покрај веќе старите закани, тука се и кибер-заканите и развојот на вештачка интелегенција. Сето ова спаѓа во хибридна војна – тоа значи дека покрај употребата на конвенционалните средства, пропаганда, тероризам, т.е. некој сака да се здобие со предност против оној што треба да биде нападнат за да победи. Треба да се натпреваруваме во ова со различни средства, но и да работиме напорно да го поддржиме земјите во неволја. Да ги обучуваме, советуваме и да им помагаме на војниците. И да испратиме стратешка комуникација која Европа може да ја потпомогне, тоа е во нејзина предност. Во моментов, заканата ја држиме што подалеку од Европа.

Со напредокот на технологијата и војувањето станува сѐ посуптилно. Се префрли во вирутелниот свет. Сите земји во светот се соочуваат со одреден облик на пропаганда и лажни вести. Како овие појави се одразуваат врз безбедносната состојба во Европа? Како ЕУ се справува со информациската војна?

-Ова прашање ми овозможува да одговорам и за нешто важно што не го споменав, а тоа е соработката со НАТО. Тоа е многу важно. Кибер-нападите се една од областите во кои соработуваме. Сметам дека главната задача е да го достигнеме максимумот на соработка меѓу НАТО и ЕУ, не затоа што 22 земји се и во НАТО и во ЕУ, НАТО е големата воена организација, но сето она што се прави во ЕУ е добро и за НАТО.

Гледате дека преку европскиот фонд можеме да го зголемиме ефектот со развојот на европската технологија. Тоа е добро за НАТО, да го постигнеме нивото што сме го зацртале за да бидеме подобри,  поспособни, за да реагираме во кризи и сето тоа е добро и за НАТО. Имаме потпишано договор, важна работа во овој сектор е да се биде порационален и да се најде прагматичен начин за соработка.

Кибер-војувањето е нов предизвик, нешто ново во воениот бизнис, начин на војување што ги засега сите земји, ги засега сите организации. Тоа бара не само технолошки одговор, туку и одговор и во однос на владеењето на правото. Европа е засована на вредности, но луѓето кои напаѓат можеби не се раководат од тие вредности. Ќе најдеме заеднички начин за да одговориме на размената на информации. Кибер-нападите се дел од хибридното војување и гледате и од неодамнешниот пример со кризата во Украина, појавата позната како малиот зелен човек, способноста за дејствување на недржавни актери да спроведуваат интереси на државни.

Софистицираната употреба на пропаганда од страна на терористите може да биде многу опасна. Секоја ситуација бара различен пристап. Во секој случај мора да го земеме предвид овој аспект и да размениме информации за да изградиме заеднички одговор. И кога зборуваме за развојот на техологијата, тоа е нешто што може да го направиме заедно. Ниту една земја не може да се соочи со овој проблем сама, зааеднички е полесно. Тоа бара многу инвестирање, пари, проценки и ако се земат предвид сега напредните системи за вооружување, танкери, хеликопотери, бродови… Најголемиот дел од компонетната оди за кибер-одбрана. Ќе направиме многу повеќе бидејќи сега одиме во насока на вештачка интелигенција. Само што почнавме со една работна единица, но тоа е главна тема за Воениот комитет и за НАТО.

Земјава е пред прагот и на официјално членство во НАТО. Дали Северна Македонија во престојниот период треба да очекува кибер-напади од други земји?

-Не знам. Не сум разузнавач, не можам да одговорам. Но фактот дека земјата влегува во НАТО, влегува во ЕУ е многу позитивен и нешто што го менува балансот. Сметам дека сите сме постојано под кибер-напади и треба да бидеме свесни за сето тоа и за влијанието што тоа го има врз останатите воени системи.

Кибер-нападите се случуваат секој ден, секој момент, секоја секунда и мора да инвестираме постојано. Ние постојано сме во војна, во различни видови на војна, но сме постојано во војна. Ако станете дел од НАТО ќе добиете повеќе внимание и може да добиете дополнителни кибер-напади, бидејќи делите воени информации со останатите земји од НАТО.

Знаеме кога мисијата Софија замина на море со бродови дека мораше да се штитиме и од кибер-напади. Професионално е да се развиваме. Еден дел од професионалноста е и да внимаваме кога зборуваме на телефон, мора да имаме предвид дека можеби некој прислушува, можеби и не прислушува. Но колку сте поважни во системот, толку е поголема можноста да ве прислушуваат.

Ваша оцена за досегашните реформи спроведени во Армијата на Северна Македонија?

-Сакам да изразам почит и препознавање на она што лидерите на земјата го направија за подобрување на капацитетот на Армијата на Република Северна Македонија, начинот на кој оперира од највисоко, до најниско ниво. Имав можност да ги видам во мисијата ИСАФ во Авганистан, во Либан како прв командант. Сега се во процес на распоредување на двајца штабни офицери во Централна Африка. Само што ги посетив специјалните сили и имав можност да го видам нивниот капацитет и нивната способност. Едвај чекам да соработуваме. Ја повикав министерката за одбрана да даде можност за зголемување на  присуството на војниците на Северна Македонија во мировните мисии, како таа во Африка што ја споменав, можеби и во Сомалија, каде што има голема потреба од воени сили и каде што третата земја, партнерската земја може да обезбеди стратешки капацитети. Со тоа ќе се постигнат две цели. Едната е придонес кон мисијата, постигнување на нејзините цели и самата мировна операција. Другата е да ѝ овозможи интеграција со амбиентот на Европската Унија на нацијата, бидејќи во овој момент соработката е јасна и пред очите на сите. Многу години бев командант на воените сили на терен и многу го ценам капацитетот на силите на Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.