Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку ќе трае евро-грчкото примирје

0
By Нова ТВ on February 26, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 26, 2015 16:16

На 20 февруари Грција и еврозоната постигнаа договор за четиримесечно продолжување на меѓународниот план за помош на Грција. Напорите беа долги и вклучуваа интензивна дипломатска битка помеѓу двете страни чии стартни позиции беа сосема спротивни. Сега претстои четиримесечен период во кој Атина треба да реформира а потоа следи мисијата на еврозоната која ќе каже дали реформите се успешни и како да се работи понатаму.

Грција е загрижена за парите кои треба да им ги враќа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе сега и за парите за Европската централна банка (ЕЦБ) кои треба да се исплатат во јули. Ова синоќа на едно грчко радио го изјави министерот за финансии Јанис Варуфакис на само два дена по договорот помеѓу Грција и еврозоната за продолжување на меѓународната програма за помош на земјата и реформите кои Грција вети дека ќе ги спроведе.

Долгот на Грција изнесува 320 милијарди евра, сума два пати поголема од нејзиниот бруто внатрешен приход, и која е долг кон еврозоната, ММФ и ЕЦБ. Во текот на 2015 година Грција треба да врати 19 милијарди евра од кои 1,6 за ММФ а најголемиот дел од 6,7 милијарди треба да и се врати на ЕЦБ најдоцна до јули или август.

Според Атина, владата ќе направи се за да нема проблеми во ликвидноста и донесува законски мерки за да се олесни преку реформи доаѓањето на парите во државата.

Меѓународните кредитори не сакаат да и дадат нови пари на Грција пред април за да им се остави време да видат дали ветените реформи ќе бидат спроведени а владата има проблем за да добие фондови преку облигации бидејќи програмата за помош ја лимитира сумата на тие облигации.

Желбата на Грција е делумно намалување на долгот, но Европјаните засега одбиваат дури и да разговараат за овој начин на намалување на долгот. Сепак, според Варуфакис, во Европа повеќе нема единствен фронт за вакви разговори за долгот. Тој повика овие разговори да почнат што е можно поскоро со меѓународните кредитори.

Според агенцијата АФП, земјата која засега категорично отфрла разговор на оваа тема е Германија. Министерот за финансии Волфганг Шаубле рекол дека е изненаден од зборовите на неговиот грчки колега. Шаубле смета дека е сосема неразумно и тотално несфатливо во овој момент да се зборува олеснување на долгот. Германија исто така е иритирана поради пораката која доаѓа од Грција и која вели дека земјата сака да ги преиспита приватизациите за да може потоа да продолжи да приватизира според нови правила.

Но сепак Грција не губи надеж. Според Варуфакис “ветерот почнува да менува насока и надежта се враќа”. Тој мисли на грчките банки кои ги купуваат облигациите кои владата ги емитува и се чини дека состојбата на грчките банки се подобрува. Министерот вели дека во грчките банки влегле 700 милиони евра како заштеда и дека влегуваат и нови пари.

Да се потсетиме дека од декември минатата година 20 милијарди евра беа извлечени од грчките банки кога стана извесно дека ќе има избори во земјата. Гувернерот на Банката на Грција Јанис Стурнарас исто така испрати порака на надеж велејќи дека проблемите со кои сега Грција треба да се справи се релативно помалубројни отколку тие кои требаше да се решаваат во 2010 година. Според него, ако владата почне брзо да ги решава, Грција ќе биде во можност да мине на следната фаза која ќе донесе побрз развој, рече гувернерот на една прес конференција во Атина.

Проблемите кои грчката влада мора брзо да ги реши се корупцијата и избегнувањето да се платат даноци како и реформа на државниот аппарат. Но во сето тоа владата на Ципрас мора да внимава на социјалните мерки и ветувањата дадени пред изборите кои ветија крај на мерките за штедење.

Во секој случај, европските партнери на Грција одлучија дека ќе ја продолжат програмата за помош. Во петок на 27 февруари германскиот Бундестаг треба да го изгласа ова продолжување. Нема сомнение дека тоа ќе биде сторено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.