Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку време чекале министрите за првото вработување?

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 22, 2013 17:53

Во пресрет на изјавата на министерот за труд и социјална политика која ја разбранува јавноста, на официјалните сајтови на македонските министерства може да се види колку време чекале најмладите министри од сегашната владејачка структура, за своето прво вработување.

Така на пример, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески веднаш по дипломирањето успеал да најде работа, покажува неговата официјална биографија и тоа директно во кабинетот на Министерот за финансии.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, штом дипломирала, веднаш успеала да најде работа по струка како правник во приватен сектор, за по неколку месеци да биде назначена за државен советник во Министерството за финансии, на позиција шеф на Кабинетот на министерот.

Министер за здравство Никола Тодоров, најдолго чекал на своето прво вработување помеѓу најмладите министри. Пред да почне да ја извршува сегашната функција, тој работеше и како министер за образование, а претходно беше поставен и за прв човек на скопскиот катастар. Во неговата биографија се споменуваат и високи позиции во ЈП Водовод и канализација, потоа во АД ГТЦ-Скопје, а една година работи и како заменик-директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.

Министерот за образование пак, Панче Кралев работел уште пред да го заврши својот факултет. Прво почнува со работа во инвестицискиот фонд SEAF во Скопје, а потоа по пауза од две години, време во кое ја завршува својата магистратура, станува асистент за истражување и тутор на студентите на „Сити колеџ“ во Солун.

Спиро Ристовски, пак, министерот кој ја разбранува јавноста со својата изјава дека има работа, но младите премногу бираат што да работат, има најсиромашна биографија меѓу министрите. Тој нема магистратура, а според наведеното на официјалниот сајт нема положено ниту правосуден испит. Сепак, веднаш по дипломирањето, откако поработел една година како правник во приватен сектор, поставен е за заменик-директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС. Во август 2008 станува заменик-министер, за во 2011 да биде назначен за министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија.

Иако последните податоци на невладините организации покажуваат дека повеќе од 50% од младите во Македонија се невработени, а секој од нив чека по најмалку една година за прво вработување, дел од нив не влегуваат во овој просек.

Не сме мрзеливи, туку нема работа!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.