Во моментов на граничниот премин Табановце од српската страна нашата екипа регистрираше колона возила со македонски таблички кои се заглавени на границата, јавува репортерката на НОВА Сашка Цветковска.
Иако возилата непречено го поминуваат македонскиот премин со претходно засилени претреси од страна на македонската полиција, на српската страна граѓаните се заглавени, а дел од нив сведочат дека не можат со часови да поминат.
Неофицијално, царински службеници кои сакаат да останат анонимни за НОВА велат дека возилата се враќаат назад.
НОВА разговараше и со двајца граѓани кои сведочат дека по неколку часовно чекање биле вратени од српската гранична полиција.
Истота така 4 километри долга колона камиони од македонската страна од 6 часот утринава на преминот е заглавена. Дел до шоферите велат дека им е речено дека не функционирал системот за евиденција од српската гранична полиција.
Иако српската граница официјално не е затворена, протекот на возилата е отежнат. Од македонската страна нема проблеми, возилата поминуваат.




