Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колонизирање на минатото

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 22, 2026 15:20

Но, која историска вистина кај нас треба да биде “колонизирана”? И зошто? Дали затоа што и постоечкиот “историски наратив” не е (достатно) влезен во свеста на луѓето; или затоа што вистината и реалноста која сепак “преживува” е неочекуваниот исход? И дали всушност токму поради тоа, не се “колонизира” минатото, туку сегашноста?

Никица Корубин

Кога познатиот српски археолог Александар Палавестра, говори за феноменот и проблемот на узурпирање и ре-креирање на минатото; терминолошки го определува како негова метафоричка современа “колонизација” на историски настани. Интерпретацијата на минатото секако е во основата на современите науки, но е базирана на факти и нивна контекстуализација во реално време.

Но, “колонизирањето на минатото” е далеку поопасна верзија од официјалната и научната интерпретација. Тоа всушност е присвојување на минатото од сегашноста (за пропагандни и манипулативни потреби); и негово фиктивно пресоздавање, проектирајќи го тој лажен наратив во свеста на луѓето, како минато кое се случило. И самиот Палавестра како пример ја дава својата татковина, иако се разбира, овој феномен не е ексклузивно ограничен на една земја.

И токму ова “колонизирање” е чекор понапред, од класичниот официјален “историски наратив” кој е државна или клановска стратегија, меѓу другото и кај нас; затоа што за разлика од “историскиот наратив” кој најчесто произлегува од официјални институции и се наметнува како подобен наратив, кој не нужно мора да биде прифатен; “колонизирањето на минатото” е веќе длабоко навлезен во свеста на луѓето како иманентна суштина која не се преиспитува, туку се прифаќа, како своевиден идентитет, базиран на историја која никогаш не се случила, ниту во обем, ниту во содржина. Фасцинација од само-залажувањето.

И ако овие феномени, делумно директно ја таргетираат и нашата реалност, преку фактичка блокада на државата и општеството, во политичка и ментална статус-во состојба, преку блокирање на евро-интеграциите со (зло)употреба на “идентитетското прашање”; како паралелно да се одвива процес на “колонизирање на (неодамнешното и лично) минато”.

Со кое всушност се “преиспитува и пренаменува” улогата и влијанието на феноменот на “заробеното општество”. Па, слично како и за “историскиот наратив” од книгите и учебниците, се создава “ново минато” и за разните форми (видливи и невидливи) на влијанија кои го обликувале и нашето неодамнешно минато, и нашата сегшност, а со желба “со нов лик и ново минато” да ја обликуваат и нашата иднина.

Се “создава” пост-фестум “минато” (главно на лично, партиско ниво или општествено ниво), кое не се случило, преку ре-интерпретација на реални и фактички настани и пре-обликување на односот кон тие настани. Со делумно или целосно “салто мортале” во ставот и постапувањето (тогаш и сега) на превземање на наративот на настани врз кои, повеќе не може да се има влијание.

Тоа може да бидат политички договори (ЕУ интеграциите, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Охридскиот рамковен договор); тоа може да биде политичка (партиска) идентификација; може да биде некој општоприфатен став од минатото на Македонија во СФРЈ (експлоатацијата на антиподот Лазар Колишевски или новоразбудената за Крсте Црвенковски на пример); актуелни политички релации и влијанија, во и надвор од државата; а може да биде класичен и лукративен опортунизам.

Кога професорот Палавестра, го илустрира феноменот на “колонизирањето на минатото” за Србија, тоа се современо создадените митови за минато кое не постоело (кое може да варира од неколку стотици години од средниот век, па се’ до неколку илјада години на Винча); а се перципираат и прифаќаат како “историска вистина”.

Но, која историска вистина кај нас треба да биде “колонизирана”? И зошто? Дали затоа што и постоечкиот “историски наратив” не е (достатно) влезен во свеста на луѓето; или затоа што вистината и реалноста која сепак “преживува” е неочекуваниот исход? И дали всушност токму поради тоа, не се “колонизира” минатото, туку сегашноста?

“Не им верувај на своите очи и уши, туку слушај што ти говорам” освен што е класична пропагандна матрица, станува наша тазе реалност; во која трагедијата на „заробеното општество” се претвора во пародија – не се знае кој е (поголем) комунист, кој е (понапреден) либерал, а кој е (попосветен) верник; кога се подразбира дека сите се патриоти.

Па, се чини дека веќе не е прашање, дали ќе се одблокира (самоблокираниот пат во ЕУ); туку кој ќе го предводи (и контролира) патот во ЕУ. Чија ќе биде сегашноста е веројатно најголемото “идентитетско прашање”. А, преку тоа и иднината произлезена од неа. Барем, конечно да се дојде до интересот на сите нас, граѓаните, на овој или оној начин.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.