Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комеморација: Аманетот на Ванчо за идните генерации македонски актери

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Твоето ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, зошто твојот уникатен талент и актерското мајсторство не можат да се копираат. Ванчо, му остави непроценливо наследство, особено на Драмски театар, со твоите неповторливи ролји, истакна в.д. директорот на Драмскиот театар-Скопје Сашо Тасевски на комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој завчера несреќно го загуби животот.

– Заедно со твојот Гоце, со Ѓокица, Дади и Мешко, со Кате и Милица, Ненад, Коле, Чоре и останатите бардови на Драмскиот театар испишавте историја и оставивте голем аманет за наредните генерации македонски глумци, рече Тасевски.

Според него, Ванчо секогаш ќе биде втемелен во сеќавањата на неговите колеги и во колективната меморија на македонскиот народ.

– Драмски ти благодари за твојот блесок и твоето присуство на нашата сцена и зад нејзините кулиси во изминативе 40-тина години. Вечна ти слава, рече Тасевски.

Актерот Гоце Тодоровски потсети на животот и делото на Петрушевски, за одиграните улоги, настапи, награди, за неговата умешност и шарм, зборуваше за неговата пасија-сликарството, за викендицата во Орешани.

Гоце Тодоровски

– Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност, со виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени  театарските гледачи и тие стануваат негови обожаватели. Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на ислучителни актери. Во реализацијата на неговите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус со бараната и добра мерка, рече Тодоровски, додавајќи дека со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години.

Актерот Кирил Андоновски пред комеморацијата потсети на Македонските народни приказни, каде играле заедно со Петрушевски.

– Не само во комедијата, Ванчо умееше и драмски ликови многу убаво да игра, беше сестран. Го знам како мајстор со години, нема што не знае да направи. Тоа е некој несреќен случај, но како се случи… Важно е дека го изгубивме Ванчо, Ване, Иван, Рамче, напомена Андоновски.

Благоја Чоревски изјави дека со Петрушевски се познавале повеќе од 40 години, од студентските денови, од театарските години, од снимањето филмови…

– Ванчо беше извонреден актер, извонреден пријател, извонреден човек. Навистина беше таков и му благодарам на Бога и на животот воопшто што ме споија со него, што можев да играм, што можам да се сеќавам на него, на се убаво, рече Чоревски.

Благоја Чорески

До семејството на Петрушевски пристигнале голем број телеграми со сочувство, меѓу кои од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за култура Асаф Адеми, од негови колеги, режисери.

На комеморацијата во Драмскиот театар во Скопје присуствуваа семејството, пријателите, колегите и неговите обожаватели кои со него се збогуваа со громогласен аплауз.

Ванчо Петрушевски комеморација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.