Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коментар: Отровната клима може да ја однесе државата во неповрат

1
By Нова ТВ on March 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реториката на политичарите е вжештена и слободно може да се каже – целосно неодговорна. Оваа клима на заплашување и провокации може да донесе трагични последици. Ситуацијата веќе ескалира.

Денес во Скопје беше нападнат уредникот на НОВА Борјан Јовановски додека бил на ручек во скопски ресторан.

“Бев на ручек со мојот пријател и колега Атанас Кировски. Неочекувано до масата пристапи едно детуле кое се уште не си ни бричи. Малолетно. Ми се обрати со зборот “предавник” Прашав дали воопшто знае што зборува..а тој ме плукна в лице и замина. Детето е злоупотребено. Нарачателот ми познат бидејќи беше присутен во ресторанот Воденица. Пораката е примена. Инспираторот е исто така познат… Миленко Неделковки. Кратко да завршам… двајцата ќе одговарате а од мојот патриотизам и љубов кон демократска и европска Македонија нема нема да ме одвратите”, напиша Јовановски на својот Фејсбук профил.

Миленко Неделковски објави снимка од нападот на својот Фејсбук профил со коментар кој може да се нарече задоволно триење на рацете и ликување. Десетици негови поддржувачи исто така се среќни поради овој простачки напад со коментари од типот “да му се позлати плунката на дечкото!».

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски даде интервју на 26 февруари во кое повика да не се седи дома и народот на улица да ја спасува државата, се редат инциденти.

“Ако народот не си ја одбрани државата, тогаш ќе има проблеми. Ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе ја одбрани државата, се во заблуда”, рече Груевски, повикувајќи го народот да ја покаже својата сила за како што вели тој, против двојазичноста, нападот на унитарноста и кантонизацијата.

Утредента по интервјуто се случија три инциденти на луѓе кои не се согласуваат со политиките на Груевски или се негови отворени критичари.

Домот на уметникот Златко Ориѓански, кој отворено го критикува највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и зборува за соживот помеѓу Македонците и Албанците, вели домот му бил излепен со специјално изработени двојазични пари.

Кафе-барот „Излет“  чиј сопственик беше во првите редови на Шарената револуција а воедно во неговиот објект се организираа акции за собирање средства за казнетите активисти од протестите кои се случуваа минатото лето, објави видео во кое се гледа дека се искршени стаклата на „Излет“.

И пратеникот на СДСМ од Куманово, Максим Димитриевски се разбуди виде вознемирувачки пораки пред својот дом. Како што објави тој, него го обвинуваат за „предавник“, бидејќи припаѓа на СДСМ.

Функционери на СДСМ со соочуваат со навредливи пораки пред своите домови. Полицијата потврди дека во Куманово со ваков проблем со соочил и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На првиот ден на протестот на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, во понеделникот, беа нападнати новинарите на А1Он и завршија во болница.

На 1 март малолетници со качулки се обиделе да го заплашат новинарот Бранко Тричковски. За сцената тој објави пост на својот Фејсбук профил во кој вели раскажува дека лицата со качулки дошле вратата од неговиот стан и му рекле “како не ти е срам предавнику”.

Нападната била и советничката на СДСМ од Карпош Магдалена Несторовска. Таа била вербално нападната. На својот профил таа објави текст во кој се посочува дека напаѓачот е малолетен и симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ни трошка сомнение дека овие напади се организирани. Партијата ВМРО-ДПМНЕ која се уште е на власт не само што не прави ништо за да го спречи труењето на атмосферата туку и таа самата поттикнува тензии. Повиците до народот да се спротивстави на “другата страна” може да донесе последици. Прашање е дали наскоро некој ќе се реши да посегне по нечии живот.

На профилите на ФБ на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ можат да се прочитаат отворени повици за напади врз луѓе кои имаат поинаков став и тоа не го кријат и напади врз странските амбасадори. Многумина не се колебаат да употребат тешки зборови и повици за убиства.

Ниту еден инцидент досега не бил расчистен од истражните органи иако многу од нив се уредно пријавени во полиција. Јавното обвинителство не реагира овие инциденти.

Последните денови почнаа препукувања и помеѓу двете најголеми етнички заедници – Македонците и Албанците. Платформата на албанските партии, прикажана како предавство на државата, донесе нови тензии на веќе постоечките.

На оваа нездрава атмосфера реагираше и Европскиот парламент и ги обвини Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.

“Најлошото во ова е што тоа ги подгрева националистичките чувства и тоа може да има несогледиви последици. Првите знаци веќе се гледаат: новинарите беа нападнати од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ; повеќе од 20 локални канцеларии на партиите беа нападнати; пратениците на СДСМ беа цел на навреди – кај некои куќите беа вандализирани и тие се постојани надгледувани од неидентификувани индивидуи. Ние ќе сметаме дека претседателот Иванов и ВМРО-ДПМНЕ се одговори за било кое влошување на ситуацијата во земјата”, изјавија тие утринава.

Време е државата и институциите да се вратат на нормалниот пат. Тензиите, навредите, нападите, провокациите можат целата држава да ја однесат во неповрат.

Претседателот на државата вчера можеше да покаже дека нема да дозволи било каков конфликт во Македонија. За жал, тој ја одбра токму спротивната насока.

коментар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.