Денеска попладне, според информации на НОВА, ќе се потпише извештајот за собраниските инциденти од 24 декември.
ВМРО-ДПМНЕ, поради државните интереси, како што изјави синоќа лидерот Никола Груевски, ќе го потпише извештај на ад хок Комисијата каков што сака СДСМ, но дел од него нема да биде валиден, додаде премиерот.
Денеска, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, вице-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и претседателот на ад хок комисијата Борче Давтиковски пред потпишувањето имаат средба на која ќе се допрецизираат одредени претходни неусогласености околу извештајот.
После тоа, следи потпис на извештајот од страна на членовите на комисијата Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО- ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска Треневска од СДСМ.




