Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисија за избор и именување: Без дискусија за уставните судии, иако беа на дневен ред

0
By Sashko on July 21, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги одржа 13-та и 14-та седница. Членовите на оваа комисија не дискутираа за предлогот за избор на судии на Уставниот суд, иако оваа точка беше на дневен ред на 13-та седница.

Пред утврдување на дневнниот ред на 14-та седница, во процедурална забелешка пратеникот Антонио Милошоски говореше за стенограмските забелешки од седницата. Според него, целта е со вакви, како што рече, скандалозни водења на седниците да се покријат контраверзните предлози за избор на уставни судии, како што е генералниот секретар на СДСМ, Цветанка Иванова и други, според него, неистакнати правници да бидат членови на Уставниот суд. Посочи дека Цветанка Иванова нема ништо сработено како истакнат правник во својот работен век. Милошоски соопшти дека до Собранието, до претседателот на Собранието и до претседателот на Комисијата се стигнати најмалку седум предлози за уставни судии, кои се кријат, се со цел, како што рече, да се протне Иванова.

Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов рече дека точката не била отворена и посочи оти начинот на избор и на номинирање согласно закон е комплетно во надлежност на Комисијата, односно на членовите и замениците.

– Можеби колегите ќе ве предложат и вас за уставен судија и Гордана Силјановска-Давкова, но, тоа не можеме да знаеме. Затоа пред да ја отвориме точката треба да почекаме да дојде продолженето на 13-та седница на Комисијата, а тоа ќе биде по завршување на оваа нова 14-та седница, рече Костадинов.

Членовите на Комисијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа за текот и работата на Комисијата и на претседателот Костадинов. Костадниов апелираше да нема навреди кон пратениците и службите на Собранието. Потенцира дека е констатирана грешка затоа што гласал заменик-член на Комисијата кога бил присутен и член, и тој бил изброен.

Во рамки на 13-та седница, Комисијата со седум гласа „за“, без воздржани и без против го избра Едмонд Адеми, советник за надворешна политика на премиерот, за претставник во Националниот совет за евроинтеграции. Пратеникот Никола Мицевски беше избран за претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Грузија, а за членови Даниела Марковска, Мухамед Кадриу, Бастри Бајрами, Ели Панова, Петар Ристески, Ане Лашкоска, Рина Хајдари и Сурија Рашиди.

Исто така беа именувани членови на повеќе институции, како Анета Стефковска за член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Тања Ковачев и Александар Давчевски за членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Ана Николоска за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Ѓорѓи Михаилов за член на Комисијата на Агенцијата за пошти, Раде Лазаревски за претседател и Александар Наковски и Бујар Зендели Гафури за членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Беа разрешени и именувани нови претседатели и членови на повеќе Одбори за доделување на државните награди „11 Октомври“, „Мајка Тереза“, „Св. Климент Охридски“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „22 Ноември“ и „Мето Јовановски“.

Членовите на Комисијата ја донесоа и одлуката за определување коефициент за утврдување на платата на претседателот и на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и го разгледаа барањeто за остварување надомест за закупнина на стан поднесен од пратеничка. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов ја прекина седницата и рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени за продолжувањето.

дневен ред Комисија за избор и именување Македонија одлуки Собрание уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.