Експертска комисија што ја предлага претседателот Иванов може да биде дел од решавањето на кризата но не и потег за спасување од одговорност на оние што допринеле за настаните од 24 декември,изјави Радмила Шеќеринска.

Во нејзината изјава дадена на денешните протести на опозицијата Шеќериснка повика на продолжување на дијалогот.

– Затоа, нашиот став останува непроменет, а тоа е преговорите за решавање на оваа политичка криза да продолжат и разрешница на кризата да бидат предвремени парламентарни избори, коишто заедно со локалните избори ќе се одвиваат според фер и демократски правила, истакна Шекеринска.

Најави дека ќе отсуствуваат од работата на Собранието, се додека не се најде решение за надминување на политичката криза.