Во новиот состав на Европската комисија нема да има комесар за проширување. Оваа наофицијална информација е содржана во неофицијалниот интерен докумет на ЕК кој денска го објави порталот Еуроактив.
Портфолиото на комесар за проширување и односи со соседството кое досега го имаше Штефан Фуле го превзема Австриецот Јоханес Хан но само со функцијата која се однесува на добрососедската политика.
Според неофициалните информации не се исклучува можноста Јоханес Хан како комесар да ги координира односите со земјите кандидати за членство заедно со високиот претсавик за надворешна политика на ЕУ, Италијанката Федерика Могерини. Јоханес Хан доаѓа од редовите на Европската народна партија додека Могерини ја има поддршката на европските социјалсити и социјал демократи.