Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата на ОН за Украина: Регистрирани случаи на злосторства врз деца

0
By Соња Крамарска on January 23, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јасминка Џумхур од независната меѓународна истражна комисија за Украина формирана од Обединетите нации изјави дека Комисијата регистрирала одреден број злосторства врз деца убиени со огнено оружје, но и случаи на сексуална злоупотреба и повреди на деца.

„Одредени информации укажуваат на префрлање деца од територијата на Украина на територија на Русија, каде што се уште се наоѓаат, а се поставува и прашањето околу враќањето на тие деца. Во голем број од тие случаи биолошките родители се наоѓаат на територијата на Украина“, вели Џумхур во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Таа повтори дека на територијата на Украина се извршени воени злосторства,  прекршени се човековите права и меѓународното хуманитарно право, а додаде оти имало и злосторства врз деца од страна на руската армија.

„Кога зборуваме за облиците на кршењето човекови права, тие можат да се групираат во две категории – против интегритетот на лицата и другата во однос на инфраструктурата. Зборуваме за тортура, злоупотреба, силување и други форми сексуално насилство“, рече Џумхур.

Таа додаде дека втората група кривични дела се однесуваат на инфраструктурата во случаи кога објектите од енергетскиот сектор се таргетирани на почетокот на зимата, со што индиректно се загрозени човековите права на голем број жители на пристап до електрична енергија, здравствена заштита и образование на децата.

„Значајна разлика помеѓу конфликтот во Босна и Херцеговина и конфликтот во Украина е во формите и димензиите на злоупотребите зависно видот на употребеното оружје. Босна и Херцеговина беше под ембарго и не можеше да се вооружува, ниту можеше да и се достави хуманитарна помош“, рече Џухмур.

Извор: МИА

Фото: ОН/УНИЦЕФ

злосторства врз деца Комисија на ОН Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.