Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата со 10 спрема 7 гласаше да почне постапка за уставни измени

3
By Соња Петрушевска on October 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 10 гласови за и 7 против, Комисијата за уставни прашања го усвои заклучокот Собранието да го поддржи предлогот на Владата за уставни измени и Собранието да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Со третиот заклучок, Собранието и наложи на Владата во рок од 15 дена да подготви нацрт текст на уставни амандмани.

Собраниската седница е закажана за во понеделник и за да се усвои одлуката за пристапување кон измени на Уставот ќе биде потребно двотретинско мнозинство. „За“ гласаа пратениците од парламентарното мнозинство, а „против“ беа пратениците од опозицијата, членови на комисијата.

Со тоа заврши дебатата за уставните измени во Комисијата за уставни прашања која траеше два дена, пратениците на ВМРО ДПМНЕ останаа на своите позиции дека нема да гласаат за уставни измени и за промена на уставното име.Министерот за надворешни работи Никола Димитров кој зборуваше последен ги повика сите пратеници да размислат дали сакаат да ја втурнат земјава во голема неизвеснот и да ја остават надвор од НАТО и од ЕУ.

„Ова прашање е поголемо од нашите кариери, и од овој пратенички состав – дали можеме да замислиме каде ќе биде Македонија ако се прифати или отфрли Договорот. Ова прашање ја влече Македонија надолу. Долго време мислевме дека можеме да го зобиколиме ова прашање , но нема таков пат. Единствен начин е да бидеме пријатели со Грција“ кажа Димитров.

Димитров надополни дека досега ниту еден документ не бил објавен на македонски јазик, туку се користела формулацијата„ јазик на ФИРОМ“. Ова го потврдил и Груевски кој рекол дека Грција никогаш нема да  прифати македонски јазик и македоснки идентитет.

„Факт е дека со овој Договор влегуваме во НАТО како Македонци и ја пробиваме пречката да ги отвориме пристапните преговори со ЕУ “, кажа Димитров.

-Што ни дава надеж за подобар договор? За грчката опозиција подобар договор значи да не се признава македонски јазик и идентитет, а тоа значи дека немаме договор. Што ни дава надеж да се надеваме дека НАТО повторно ќе ги отвори вратите за нас“, праша Димитров.

На Димитров му реплицираше пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски кој рече дека власта излегла од својот мандат кога преговарала за уставното име.

„Во 2008 беше донесена изгласана декларацијата за црвените линии со која се обврзавме дека ќе го зачуваме устваното име, јазик, идентитет. Тоа е патот по кој треба да се движи Македонија, а вие излеговте од овој мандат“, реплицираше Димовски. На ова Димитров одговори: „Прашањето за името вие го однесовте на неповолен терен- со антиката“.

Претходно, премиерот Заев рече дека има околу 25 пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои се свесни и сакаат да понесат одговорност. Ова го демантираше пратеникот Димитар Стевананџија кој рече дека ниту еден пратеник од неговата партија нема да гласа за уставни измени.

-Ве демантирам – ниту еден пратеник од ВМРО ДПМНЕ нема да гласа, рече тој, додавајќи дека подобро да има избори и да се изгубат неколку месеци отколку да се изгуби како што рече ,,уставното, библиско име на државата“.

Дебатата во собраниската комисија за уставни прашања не одговори на дилемата дали има 80 пратеници кои се подготвени да гласаат за да се отвори процесот за уставни измени. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои говореа на комисијата и се изјаснија дека нема да гласаат за уставни измени се повикуваа на резулатите од референдумот кој според нив бил неуспешен и тие требало да ја следат волјата на 1 200 000 глсачаи кои не гласале. Од парламентарното мнозинство ги повикаа да гласаат според сопствена совест затоа што влезот во НАТО и ЕУ е отворен само преку усвојување на  Договорот со Грција која за првпат го признава македонскиот идентитет и јазик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.